19.8 C
Скопје
14:40 - 12 март, 2026

Се огласи адвокатот на обвинетиот за убиство на сопругата: Нема да има ново судење за Зоран Марјановиќ, ќе биде ослободен!

Вељко Делибашиќ, бранителот на Зоран Марјановиќ, кој беше неправосилно осуден на 40 години затвор за убиството на неговата сопруга, пејачката на „Гранд“, Јелена Марјановиќ, за српски „Курир“ вели дека очекува дека судењето на неговиот клиент нема да се повтори и дека Апелацискиот суд ќе го ослободи.

– Одлуката на Апелацискиот суд да му го укине притворот на Зоран Марјановиќ за мене е апсолутно очекувана, бидејќи тоа е единствено можно и единствено очекувано – вели познатиот адвокат за „Курир“ и додава дека тој не очекува пресудата со која неговиот клиентот беше осуден на максимална казна од 40 години затвор да биде укината и предметот да биде вратен на почеток.

– Моето примарно барање во жалбата на пресудата што ја разгледуваше Апелацискиот суд, беше пресудата да се преиначи во ослободителна, само заради претпазливост предложив да се укине првостепената пресуда и да се врати на ново судење. Имајќи предвид дека судот го усвои вториот предлог, притворот да му се укине, очекувам и верувам дека ќе биде усвоена и мојата жалба и дека со самото тоа пресудата ќе биде преиначена во ослободителна – објаснува Вељко Делибашиќ.

Зоран Марјановиќ, да потсетиме, на 22 јули минатата година неправосилно беше осуден на максимална казна и истиот ден му беше одредена мерка притвор. Судскиот совет го прогласи за виновен и соопшти дека според нив несомнено е утврдено дека на 2 април 2016 година на насипот во Црвенка кај Борча ја искористил довербата на сопругата, ја намамил да се симне од насипот каде што нивната малолетна ќерка останала и ја убил од „ниски побуди“, со ударци со тап предмет по главата.

На оваа пресуда, напишана на 698 страници, жалба поднеле бранителите на Зоран Марјановиќ, но судот сè уште не одлучил за нив. Апелацискиот суд може да ја потврди, измени или поништи пресудата и да нареди ново судење.

– Очекувам дека по седум години ќе биде ставена точка на постапката, бидејќи нема докази дека Зоран Марјановиќ сторил кривично дело – изјави за „Курир“ Вељко Делибашиќ.

 

 

Слични објави

(Фото) Романтично на изгрејсонце: Ване Маркоски покажа во каков поглед ужива од дома

msp-admin

(Фото) Голема роденденска забава за малиот Перун: Синот на Огњен Амиџиќ наполни две години

Еспресо

Една година пред да почине ѝ се случи нешто важно: Помалку позната приказна за Атина Апостолова

msp-admin

Естрадата се простува од братот на Дарко Лазиќ: Слоба и Јелена го посетија пејачот во Брестач

Еспресо

Убави вести од Спасен Силјановски, во приказната е и Сузана Гавазова

msp-admin

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin
Се вчитува....