15.8 C
Скопје
15:07 - 30 јануари, 2025

„Санте Плус“ – лидер на услуга, квалитет и професионализам во здравствениот сектор: Сѐ што треба да знаете за колоноскопија

Како се изведува процедурата и кога е неопходно да се направи.

Колоноскопијата е процедура што се користи за проверка на состојбата на дебелото црево и ректумот со цел пронаоѓање полипи или знаци на рак. Колоноскопијата се користи и за дијагностицирање други можни болести и за лекување одредени патологии што можат да се видат преку истото набљудување, какви што се: хемороиди, полипи и слично.

Како се изведува?

Колоноскопијата се изведува преку користење апарат наречен колоноскоп, кој се состои од флексибилна цевка со дебелина на прст. Таа се вметнува во ректумот преку аналниот сфинктер. Во случај целта на процедурата да е дијагностичка, на крајот на цевката има камера и светло што ќе го олесни прикажувањето на сликите на мониторот.
Од друга страна, доколку е потребно да се решава каква било патологија (отстранување мал полип или земање примерок од ткиво), преку колоноскопот ќе се додадат инструменти за да се изврши интервенцијата.

Кога треба да се направи колоноскопија?

Ова испитување се прави првенствено со цел да се исклучи можноста за рак на дебелото црево кај пациенти што покажуваат дигестивни симптоми или имаат семејна историја на рак на дебелото црево. Од друга страна, превентивно, како преглед се препорачува да се прави по 50-годишна возраст, доколку пациентите немаат ризични фактори, повторувајќи го на секои пет или десет години. За оние со ризик, ваков преглед може да биде препорачан и порано.

Кој, зошто и колку често треба да оди на колоноскопски преглед

Колоноскопија мора задолжително да направат пациентите што имаат крв во столицата иако тие тврдат дека крвта е од нивните хемороидни нодуси. Понатаму појава на течни столици, наизменично течна и тврда столица, нагла појава на опстипација, болки во стомакот, слабокрвност од непознато потекло се причини што бараат колоноскопски преглед.
Пациентите што имаат во семејството појава на рак или полипи на дебело црево се јавуваат на колоноскопија секоја петта година.
Секако дека има варијации во советот за контролна колоноскопија во зависност од возраста, присуство на полипи, појава на дисплазија на полипите, неотстранети полипи, присутно воспаление итн. Како скрининг-програма во неколку западни земји е воведена колоноскопијата кај секој жител со навршени 50 години.

Кога не може да се изведе колоноскопија?

Главните причини зошто пациентот не може да се подложи на колоноскопија може да вклучуваат: тешка декомпензирана респираторна или срцева слабост, неодамнешен миокарден инфаркт, интестинална перфорација и тешки нарушувања на коагулацијата на крвта.

Подготовка на пациентот пред процедурата

За да се олесни самата процедура, пациентот мора да следи низа инструкции за елиминирање на остатоците што може да се наоѓаат во зоната на дигестивниот систем.
Два-три дена пред вашата колоноскопија, ќе треба да одржувате лесна диета препорачана од лекарот, консумирајќи лесна храна базирана на течности.
Исто така, пациентот мора да ја надополни оваа диета со лаксативни производи за прочистување на цревата.

Дали постојат ризици?

Иако колоноскопијата е безбедна процедура, како и секоја инвазивна медицинска техника, таа може да носи одреден ризик. Сериозни компликации најчесто се јавуваат во 0,5% од случаите, а најчесто се решаваат во тек на истиот преглед.

Закажете го вашиот термин во „Санте Плус 3“ или информирајте се на тел. +389 70299010

(Комерцијален текст)

Слични објави

(Фото) Сара Мејс и Димитар Атанасовски на романтично патување: Пејачката во минијатурно бикини ужива во спа-центар со сопругот

Еспресо

Неверојатна побарувачка! За седум минути биле продадени над 42.000 билети за Евровизија

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во милионската вила на Тони Бијелиќ во Хрватска: Во дворот базен, растат палми, глетката е нереална

apostolova

(Фото) Јована Јеремиќ рече дека е најмладата баба на светот: Сега се огласи Љуба и ѝ порача дека сепак не е – „јас сум…“

Еспресо

Милица Павловиќ ја отвори душата за односот со родителите: Немам контакт со мајка ми…

Еспресо

(Фото) Теодора Џехверовиќ како згодна Бразилка на плажа: Пејачката провоцира, облините и тетоважите во прв план

Еспресо
Се вчитува....