5.8 C
Скопје
04:52 - 1 април, 2026

Сакал да ги „убие сите“: Спречен терористички напад на изборот за Мис на Белгија

Терористички напад е спречен синоќа во Белгија во пресрет на белгиските избори за убавина (Мис Белгија), откако маж (40) планирал да „убие се“ на свечениот настан, јавуваат белгиските медиуми.

Како што пренесува Њузблат, уапсен е маж со два пиштоли – едниот во џебот, а другиот во изнајмен автомобил Тесла.

За среќа, полицијата од областа Лимбург била информирана за намерите на мажот пресретнувајќи порака од негов познаник.

„Човекот е уапсен, имал два пиштола. Сакал да изврши напад, планирал да направи нешто што можело да заврши многу лошо, а имал и панцир“, изјави Ерик ван дер Сипт од државното обвинителство.

Натпреварот за убавина Мис Белгија се одржа во Адинкерк, во близина на француската граница.

На местото на изборот синоќа биле забележани голем број полицајци. Организаторите сепак одлучија да се одржи натпреварот, но неговиот почеток беше одложен.

Белгиските медиуми јавуваат дека кај терористот биле пронајдени одредени хемикалии, но не се познати повеќе детали.

За годинешна Мис Белгија е избрана убавицата Емили Ванстинкиште.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....