5.8 C
Скопје
05:39 - 1 април, 2026

Саботажа/Оливија Вајлд за озлогласеното жолто плико поради кое доживеа шок на сцената: „Дојде до голем пропуст во осигурувањето“

Американската актерка и режисерка Оливија Вајлд во интервју за Variety опиша дека и биле доставени документи за судско рочиште поврзано со старателството над децата во име на нејзиниот поранешен партнер Џејсон Судеикис додека била на сцената и го претставувала новиот филм. Таа го коментираше тој чин како „злобен“, пишува Би-Би-Си.

Оливија ги добила документите во жолто плико додека зборувала за нејзиниот нов трилер „Don’t Worry Darling“ во CinemaCon во Лас Вегас во април оваа година. На снимката се гледа дека изгледа изненадено и ја обзема ужас по отворање на пликото.

„Мразев што таа гадост го одвлече вниманието од работата на толку многу луѓе што ги претставував таму горе. Беше навистина злоен обидот за саботирање на тоа. Но, имав работа да ја завршам. Не е лесно да ме деконцентрираат“, раскажа Оливија.

„На кое било друго работно место тоа би се сфатило како напад. Беше навистина вознемирувачко. Тоа не смееше да се случи. Дошло до голем пропуст во безбедносниот систем, што е навистина застрашувачко“, објасни актерката, додавајќи дека постапката од бившиот сопруг воопшто не ја изненадила.

„Но, знаете, за жал, тоа не беше нешто што целосно ме изненади. Мислам, има причина зошто ја прекинав таа врска“.

Вајлд и Судеикис, кои раскинаа во 2020 година по седумгодишна свршувачка, ги имаат синот Отис и ќерката Дејзи. Се запознале во пролетта 2011 година на забава на „Saturday Night Live“, а набрзо потоа ја започнале својата романса.

Оливија моментално е во врска со музичарот Хари Стајлс, кој покрај неа глуми во филмот „Don’t Worry Darling“. Во јануари 2021 година, парот објави дека е во среќна врска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Wilde (@oliviawilde)

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....