8.8 C
Скопје
11:23 - 1 април, 2026

Руски дипломат поднесе оставка од ОН: „Никогаш не сум се срамел толку од мојата земја“; „оние кои ја измислија оваа војна сакаат само да останат на власт засекогаш, да живеат во помпезни палати без вкус…“

Борис Бондарев, шеф на руската мисија во Обединетите нации во Женева, поднесе оставка со долго писмо со остри обвинувања против својата земја и меѓу другото велејќи дека му е доста од „лагите и недостатокот на професионализам“ на руската дипломатија.

Писмото започнува вака: „Моето име е Борис Бондарев. Во Министерството за надворешни работи работам од 2002 година, од 2019 година до денес ја извршувам функцијата на советник во руската мисија во канцеларијата на Обединетите нации во Женева. Во текот на дваесетте години од мојата кариера видов различни пресвртници во нашата надворешна политика, но никогаш не сум се срамел толку од мојата земја како од 24 февруари оваа година“.

Путин, според Бондарев, „покренал агресивна војна против Украина“ и против целиот Запад, што не е само злосторство против Украина, „туку тоа е можеби најтешкото злосторство против рускиот народ, со таа голема буква З која ги откажува сите надежи и перспективи за просперитетна иднина на нашата земја“.

Писмото продолжува со силно обвинување кон целата руска владејачка класа која ја поддржува таканаречената „специјална воена операција“ на Путин:

„Оние кои ја замислија оваа војна сакаат само едно: да останат на власт засекогаш, да живеат во помпезни палати без вкус, да се возат на јахти споредливи по тонажа и цена со целата руска морнарица, да уживаат во неограничена моќ и целосно беззаконие“.

Многу остри пасуси во писмото се оние резервирани за министерот за надворешни работи Сергеј Лавров:

„Со жал признавам дека во овие 20 години нивото на лаги и недостатокот на професионализам во работата на МНР постојано се зголемува. Сепак, во последниве години, тоа стана едноставно катастрофално “. Со пропагандата, според Бондарев, Русија се вратила на советското ниво од 1930-тите, земјата тргнала на патот на самозалажувањето.

„Русија – продолжува Бондарев – нема повеќе сојузници и не може никого да обвини освен нејзината непромислена и лошо смислена политика“.

Како заклучок, сега веќе поранешниот руски дипломат го затвора своето писмо велејќи: „Студирав за да станам дипломат и бев веќе 20 години. Министерството стана мое семејство. Но, јас едноставно повеќе не можам да го носам овој крвав, бесмислен и апсолутно бескорисен срам.“

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....