5.8 C
Скопје
01:36 - 29 март, 2026

Русите објавија видео од наводниот убиец на Дугина: Изнајмила стан во истата зграда и ја набљудувала

Дарја Дугина, 30-годишната ќерка на идеологот од Кремљ, Александар Дугин, загина по наводното детонирање на експлозив во автомобилот со кој се возела. Русите веднаш ги обвинија Украинците и рекоа дека тие се одговорни за убиството, што Украина го негираше.

Русите сега објавија видео и фотографија од наводниот убиец на Дугина. Наводно се работи за 43-годишната Наталија Вовк. Русите тврдат дека таа влегла во Русија на 23 јули годинава и дека изнајмила стан во зградата во која живеела Дугина и ја надгледувала.

Така тврдат од ФСБ и додаваат дека Вовк три пати ги менувала регистарските таблички на својот мини купер. Велат и дека побегнала од Русија преку Естонија.

„Убиството го подготвиле украинските сили, а сторител е нивната државјанка Наталија Вовк, која со ќерката влегла во Русија на 23 јули годинава. Изнајмила стан во зградата во која живеела Дугина и ја надгледувала“, тврдат од ФСБ.

По излегувањето на резултатите од истрагата изјава даде и Александар, таткото на убиената.

„Мојата ќерка беше убиена во терористички чин од украинскиот нацистички режим. Таа беше прекрасна жена, патриот, верник, воен известувач, филозоф… И тие ја убија пред мои очи. Мојата ќерка го жртвуваше својот млад живот За ова. Потребна ни е победа. Ве молиме остварете ја!“, рече Дугин.

Путин испратил телеграма со сочувство до семејството на Дугина, во која го нарече нејзиното убиство „гнасно и сурово злосторство“.

„Посло, сурово злосторство го заврши животот на Дарја Дугина, паметна, талентирана личност со вистинско руско срце: љубезно, полно со љубов, сочувствително и отворено“, напишал Путин.

Слични објави

(Фото) Талија на милиметри од скандал

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

„Се бори“: Пејачот откри во каква состојба е вдовицата на Халид Бешлиќ

Е.А.

Јелена Розга се прошета низ Њујорк со јакна од 2.500 евра

Еспресо

(Фото) Се мажи 16-годишната ќерка на Тајсон Фјури! За моминската вечер сакала да изгледа како грчка божица

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо
Се вчитува....