12:20 - 5 декември, 2025

Роден е Југословенскиот рокер Милиќ Вукашиновиќ, убиена е големата рап ѕвезда Биги Смолс и уште неколку настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

На денешен ден во 1997 година музичката индустрија остана без раперот Биги Смолс, по неговото убиство кое се одигра во Лос Анџелес.

Токму 9 март е и денот кога беше објавен познатиот албум „Joshua Three“ на славните „U2“, а во продолжение прочитајте за сите настани кои ја одбележаа музиката низ историјата на денешен ден…

1950 година – Роден е познатиот југословенски рокер, тапанар и пејач Милиќ Вукашиновиќ. Вукашиновиќ е роден во Белград, а во текот на својата богата кариера беше член на неколку познати балкански бендови, меѓу кои влегуваат „Чичак“, „Кодекси“, „Индекси“, Бијело дугме“ и „Ватрени пољубац“.

1987 година – Ирската рок група „U2“ го објави петтиот студиски аблум „The Joshua tree“. Ова издание ја доби Греми наградата за албум на годината, а магазинот „Ролинг стоун“ го ранигаше на 26. позиција на листата од 500 најдобри рок албуми на сите времиња. Најголемите хитови кои се издвојуваат од овој албум се „Where the streets have no name“, „With or without you“ и „I still haven’t found what i’m looking for“.

1991 година – Во студиото на телевизија Сараево е организирана последната Југовизија, избор за песна која на Евровизија ќе ја претставува тогашна Југославија, државата која следната година повеќе нема да постои.

1993 година – Стинг го објави својот четврти соло албум „Ten summoner’s tales“, еден од комерцијално најуспешните во кариерата на легендарниот Стинг, од кој посебно се одделија два големи хита – „If i ever lose my faith in you“ и „Fields of gold“.

1997 година – Убиен познатиот американски рапер Биги Смолс. Биги беше убиен во Лос Анџелес, каде се најде поради промоцијата на својата втор студиски албум „Life after death“, па учествуваше и на церемонијата на доделувањето на „Soul train music awards“, по која Биги присуствуваше на забава, а убиен е при враќањето во хотелот. Неговиот прв албум од 1994 година носи исто така иронично име, „Ready for die“, а две години по смртта објавен е и негов постхумен студиски албум под назив „Born again“.

Слични објави

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо
Се вчитува....