7.8 C
Скопје
19:55 - 12 март, 2026

Рекордна жештина: 510 смртни случаи за една недела во Шпанија

Рекорно високите температури главно ги погодуваат постарите лица. 321 од 510 жртви се на возраст од 85 или повеќе години.

Жртвите од горештините во Шпанија се искачија на 510 за една недела, 150 само во саботата, каде во последните денови температурите достигнаа 45 степени. Ова го соопшти Министерството за здравство на Мадрид, врз основа на наодите на здравствениот институт Карлос III (ISCIII) кои се однесуваат на периодот од 10 до 16 јули.

Според дневниот систем за следење на смртноста IscIII, смртните случаи се зголемиле за четири пати од 15 на 60 во четирите дена од 10 до 13 јули. Бројката потоа скокна дополнително на 93 минатиот четврток и 123 во петокот, пред да го достигне врвот од 150 во саботата. Се стравува дека бројот на загинати се уште расте.

Топлината главно ги погодува постарите лица, со 321 од 510 жртви на возраст од 85 или повеќе години, 121 меѓу 75 и 84 години и 44 меѓу 65 и 74 години. Но, смртни случаи се бележат и кај младите, како во случајот со двајцата мадридски општински работници кои починаа од топлотен удар.

Меѓу најмладите жртви има и пожарникар и овчар, кои загинаа во пожарите што ја зафатија Шпанија, како и некои други области во јужна Европа.

Ова е втор летен топлотен бран во Шпанија. Претходниот, од 11 до 17 јуни, предизвика 829 смртни случаи, според IscIII.

Слични објави

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо
Се вчитува....