2.8 C
Скопје
16:46 - 22 декември, 2024

РАЗГОВОР СО ВЛАД ИЛИЧ, македонскиот стендап комичар кој настапи на Би-Би-Си: Најомилена шега ми е животот и мојата диплома зашто никогаш не ја искористив!

Најомилена шега за мене ми е животот, исто така и мојата диплома, бидејки никогаш не ја искористив, вели македонскиот актер Влад Илич кој веќе осум години е стендап комичар во светот.

Изведува стендап на четири јазици и неговиот неодамнешен настап на Би-Би-Си му го обезбеди статусот на „ѕвезда“ во најава, долги години ја гради својата кариера како стендап комичар.  По актерските студии на Малта, се сели во Лондон, каде во сериозна конкуренција ги освојува наградите „Stand Up Club’s New Comic of the Year“ и „Max Turner Prize“ на Comedy Virgins и влегува во елитата на лондонски комичари. Кога ја открил комедијата сфатил дека тој е единствениот начин на кој што може да се изрази.

– Бев во последна година на театарски студии во Малта, може имав три месеци до дипломирање и еден мој колега ме покани да направам еден мал стендап да покријам еден друг колега на 5 минути. отидов на настапот, но и тој колега што ме покани мораже да отсуствува, па морав и него да го заменам на некои 20 минути. Незнаев што да очекувам, го зедов микрофонот, излегов на сцена, тоа ми беше прв настап на англиски, ме понесе некое чувство и се најдов себеси во тоа. – започнува Влад.

Врвот на неговата досегашна кариера го доживеал во Лондон со настап и промоција на Би-Би-Си, фото-приватна архива

Лондон е интензивно место кое ќе те предизвика и на лично и на професионално ниво. Влад врвот на неговата досегашна кариера го доживува токму во Лондон со настап и промоција на Би-Би-Си.

– За да се стигне до Би-Би-Си беше еден огромен напор, како една голема битка која ја водев скоро две години. Таму има голем натпреварувачки дух. Можеби она што Гоце Делчев го велеше дека светот е поле за културен натпревар меѓу народите, тоа таму функционира. Настапував на многу отворени вечери, почнав како аматер, на еден настап во понеделник или вторник, во денови кога не е викенд може да имаш конкуренција од 15-20 комичари со различни стилови и вештини. Кога се натпреваруваш со такви луѓе или си или не си спремен да се бориш и да одиш до крај – вели Влад.

Во 2019 година имал повеќе од 180 настапи и на крајот на таа година влегол на натпревар во еден познат клуб за комедија, се вбројува меѓу најстарите во Лондон „Up the creek” и победил на тој натпревар. Истовремено бил забележан од еден талент агент, кој што и ден денес му е менаџер и му ги отворил вратите за Би-Би-Си.

– Тоа ми беше првиот натпревар со поголема победа. Таму беше главниот комисионер за Би-Би-Си и по настапот и победата ми пријде и ми рече дека ќе останеме во контакт. Јас не верував, но навистина по една ипол година ми се јави и тоа среде запросување. Само што ја запросив девојка ми, таа ми вели -вети ми дека ќе сум ти на прво место, но телефонот зазвони и ѝ ветив дека ќе ми биде на прво место по тој телефонски разговор – се смее Влад.

Како актер има вештини да го урне четвртиот ѕид или да ја добие публиката на своја страна, а во стендапот тоа значи постојана комуникација со неа, за настапот да има смисла.

Само што ја запросив девојка ми, таа ми вели -вети ми дека ќе сум ти на прво место, но телефонот зазвони и ѝ ветив дека ќе ми биде на прво место по тој телефонски разговор, фото – приватна архива

– Секој има своја смешна приказна, но и свој вкус и стил на хумор. Поентата е како сега тоа природно чувство кога ќе ги насмееш семејството, пријателите, кучето да го презентираш истото и на сцена. Голем дел од тоа е технички, се учат вештини, се учиш како да пишуваш на смешен начин, а другиот дел е самот талент, да ги воведеш сите во една група дека сте сите како пријатели кои се дојдени да се смеат. Голем дел од инспирацијата ја црпам од секојдневието, од животот, од разговорот со пријателите. Пандемијата ми дозволи да имам повеќе време и за пишување – објаснува Влад.

Изминатава година Влад беше во Македонија и ја одржа својата турнеја во македонските градови. Секој настап беше уникатен како и самите луѓе во овие градови.

Голем дел од инспирацијата ја црпам од секојдневието, од животот, од разговорот со пријателите. Пандемијата ми дозволи да имам повеќе време и за пишување, фото – приватна архива

– Започнавме во Охрид, понатаму Битола, Скопје и два пати Куманово, а заокруживме со јубилејно шоу во Лондон. Секој настап беше уникатен како и самите луѓе во овие градови – и покрај мерките успеавме да ги распродадеме, ви благодарам што дојдовте. Ми дадовте волја, и разбудивте нови искри во мене со кои ќе продолжам да го расшаренувам сивиот Лондон. Мило ми е што македонскиот дух и култура е жив и овде како и дома, ќе продолжам да ве смејам, ова е само почеток! – за крај не поздравува македонскиот стендап комичар Влад Илич, момчето кое не замина во Авганистан како и сите кумановци, но затоа имаше свој настап на Би-Би-Си.

 

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо
Се вчитува....