14.8 C
Скопје
14:31 - 17 март, 2026

РАЗГОВОР СО ТРИОТО „Trinity Strings“: Овие музичарки ги поместуваат границите на веќе виденото и чуеното

13 години опстојуваат и досега нема лош наслов зад „Trinity Strings“.

Најавуваат концерт кој ќе биде вистинско изненадување, но и освежување на македонската сцена, фото-приватна архива

Нешто сосема поразлично, симбиоза од талент, убавина и квалитетна музика, светскиот призвук кој доаѓа од Македонија го носи името „Trinity Strings“.

„Trinity Strings“ е женски бенд составен од три девојки кои совршено владеат со своите инструменти – две вилиони и едно виолончело, создавајќи уметност. Марта Куч, Александра Мирсинова и Ирена Стојановска ги поместуваат границите на вообичаеното, веќе видено и слушнато.

– Трите работиме во Македонската опера и балет и некако енергиите од почетокот ни се соединија, а идејата првично дојде од Ирена. На почетокот бевме класичарски настроени, потоа започнавме да ги следиме светските трендови и малку се променивме – започнува Александра.

– Интересно беше на почетокот, немавме ни име. Настапувавме и ќе не прашаа како се викаме, ние велевме немаме име. Еднаш по настап, ми се свртеа девојкиве и ми рекоа: Ирена дај бре да најдеме име! Кажав Trinity затоа што оддамна го размислував тоа, некако ме асоцираше и на Светото тројство, три жени – вели Ирена.

Нивните енергии се различни, но тоа е она што ги спојува.

фото – рпиватна архива

– Веќе 13 години се држиме. Јас сум најтемпераментна, огинчето одма ми се пали на глава, но немаме конфликти, се согласуваме добро – открива Марта.

– Претежно сите караници се поврзани со работата, приватно многу се дружиме, си ги знаеме карактерите и гледаме да балансираме – се надоврзува Александра.

– Почести се караниците меѓу мене и Марта бидејќи сме сестри, но затоа е тука Александра за да балансира меѓу нас. А често се случува бендови после толку време, па и порано, да се распаднат – вели Ирена.

Публиката сака атракција, а Ирена, Александра и Марта се синоним за атрактивност и квалитет на сцената.

фото-приватна архива

– Во последниве години почнавме да се пласираме на сцената, да компонираме, да снимаме во студио. Мене отсекогаш ме привлекувала поп музиката, иако дома сме класичарски воспитувани. Ме привлекуваше електронската музика, а за среќа имаме време, седнуваме заедно и создаваме нешто интересно. Подготвуваме нови проекти, за некои песни треба да снимиме видео записи, снимаме песна со Николче Мицевски, негови се музиката и аранжманот, текстот е мој – открива Ирена.

Најавуваат концерт кој ќе биде вистинско изненадување, но и освежување на македонската сцена.

Имаат настапувано на многу фестивали, самити, верски конгреси, концертни настапи, редовни настапи во претседателската резиденција, како и најголемиот политички настан во државата на почетокот на јули Преспа форум за дијалог во Охрид. Но и во Беневенто, Рим, Наполи, како и во Луксембург по покана на познатиот инвеститор Марк Хобшаит.

Слични објави

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova

Првата сопруга на Горан Ратковиќ Рале откри детали за неговите афери и врската со Индира Радиќ

Еспресо

Слаткар се стопи, раперот здраво живее и многу ослабе

msp-admin

(Фото) Коки Јанков како градежник: Од темели до кров

msp-admin

Тие му се единствената утеха по смртта на брат му: Дарко Лазиќ со нова емотивна објава

msp-admin
Се вчитува....