07:54 - 27 декември, 2025

„Разгледница од Москва“: Ракети над Киев за време на средбата Гутереш-Зеленски; секретарот на ОН: „Шокиран сум“

Боевите глави експлодираа недалеку од британската амбасада. „Разгледница од Москва“, иронично твитна главниот украински преговарач, Михаило Подољак. Зеленски: „Потребен ни е соодветен и моќен одговор“.

„Нападот врз Киев ме шокираше“, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, пресретнат од португалската ТВ РТП, веднаш по нападот со проектили врз главниот град на Украина, извршен за време на неговата мисија да се сретне со претседателот Володимир Зеленски. Две експлозии го потресоа квартот Шевченковски во главниот град токму во моментот на разговорот меѓу Гутереш и Зеленски. Напад кој имал за цел станбена зона, со оглед на тоа што проектилите паднале во близина на британската амбасада и Министерството за надворешни работи и што резултирало со најмалку десетина повредени, според првите лица кои интервенирале на лице место.

Руските бомбардирања на Киев за време на посетата на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, биле наменети за „понижување на ОН“. Ова го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Она што се случи „добро зборува за вистинскиот однос на Русија кон меѓународните институции, за напорите на руските лидери даги понижи Обединетите нации и сето она за што се залага организацијата“, рече Зеленски во видеото објавено на неговиот канал Телеграм.

Пет руски проектили го погодија Киев, јави новинската агенција Укринформ.

„Разгледница од Москва“, иронично твитна главниот украински преговарач, Михаило Подољак. „Дали се сеќаваме зошто Русија сè уште зазема место во Советот за безбедност на ОН?“, прашува Подољак.

„Русија го погоди Киев со крстосувачки ракети токму во моментот кога генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и бугарскиот премиер Кирил Петков го посетија нашиот главен град”, напиша на Твитер украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

„Додека генералниот секретар на ОН го посетува Киев, Русија, постојана членка на Советот за безбедност, врши ракетен напад врз градот“, заклучува украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников на Твитер, додавајќи дека „ова е напад врз безбедноста на генералниот секретар и на светот“.

Слични објави

Хороскоп за 27 декември: Биковите претерано ќе трошат пари, Вагите ќе нижат успеси

Еспресо

(Фото) „Моето срце никогаш не било пополно“: Александра Шијакоска е бремена по вторпат

Еспресо

Шокантно признание! Пејачот откри детали од неговата љубовна врска со Јелена Розга: „Да, вистина е…“

Еспресо

Татјана и Новица си заминаа од Австралија: Нова земја во Новата година

msp-admin

(Фото) Кралицата на хрватските модни писти по 10 години се врати пред камерите: Погледнете како изгледа поранешната Мис Хрватска

Еспресо

(Видео) Андријана Јаневска емотивно раскажа ретка приказна за Тоше за една посебна ноќ

msp-admin
Се вчитува....