5.8 C
Скопје
04:47 - 1 април, 2026

Расел Кроу оди во пензија: „Се гледам во огледало…“

Што ќе прави по завршувањето на филмската кариера, Кроу се уште не одлучил.

59-годишниот новозеландски актер Расел Кроу, кој цели 40 години прави вртоглава кариера во светот на филмот, призна дека размислувал да се пензионира.

Веста прва ја објави Варајети по изјавата на ѕвездата на 57. Меѓународен филмски фестивал во Карлови Вари (Чешка).

Според него, годините си го прават своето.

„Стоите пред огледало и велите: „Кој е ова по ѓаволите?“ Јас сум во тој период во моментов“, им рече Кроу на новинарите.

Тој додаде дека е воодушевен од тоа како 85-годишниот режисер Ридли Скот ја продолжува својата работа и покрај „сликата во пасошот“.

“Ќе го земам Ридли Скот како модел: тој сè уште открива нешто ново во својата работа. Или јас едноставно ќе престанам и никогаш повеќе нема да слушнете за мене. Се уште не сум одлучил што ќе правам штом се пензионирам. Ова се две многу коректни опции“, заинтригира Расел.

Сега славната личност ужива во личниот живот со својата 31-годишна девојка Бритни Териот, која беше со него на филмскиот фестивал. Таа прва му честиташе за добивањето на Кристалниот глобус на свеченото отворање на манифестацијата.

Во последните месеци, двојката беше неразделна и заедно го обиколија светот.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....