21:19 - 4 април, 2026

Рале шокираше, се огласи за поранешните момчиња на Ана Николиќ: „Јас сум најрасипаниот од сите!“

Пејачката Ана Николиќ имаше многу бурен љубовен живот и не го крие тоа, но се чини дека конечно заплови во мирно пристаниште со композиторот Горан Ратковиќ Рале. Инаку, Рале ги почитува нејзините претходни избори и вели дека тој сепак, е најрасипаниот човек што некогаш го запознала.

Од моментот кога се појави на забавната сцена, српската пејачка Ана Николиќ привлече огромно внимание кај публиката, медиумите и кај мажите. Покрај познатите хитови, кариерата на пејачката ја одбележаа и бурните љубовни врски, а неодамна во една емисија отворено проговори за своите минати врски.

Ана призна дека животот ѝ го одбележала љубовната врска со контроверзниот бизнисмен Родољуб Радуловиќ, попознат како Миша Банана, дека од бизнисменот Далибор Матиќ добила возило ауди q7, но и дека била свршена со архитектот Драган Томовиќ и дека тој прстен го носи и денес, но како украс.

– Родољуб Радуловиќ е љубовта што ми го одбележа животот, живеевме заедно под ист покрив, ме сакаше и ме поддржуваше. Не е вистина дека ми даде 100.000 евра за мојот прв албум, бројката е претерана, но навистина ми помогна и тоа му беше вратено – изјавила Ана во емисијата „Претрес“.

Од друга страна, таа ги демантирала врските со ракометарот Владо Мандиќ, со контраверзниот бизнисмен Ќазим Османи и со колегата Ацо Лукас. Николиќ истакнала дека тоа се само глупости и дека никогаш немала никаква врска со нив, иако некогаш била поврзувана со нив.

– Приказната дека сум бил во врска со Аца Лукас е ноторна глупост. Срамота. Лукас е човек кој го познавам 25 години, можеби и подолго. Животот ми го одбележаа Скорпиите: мајка ми е Скорпија, Миша Банана е исто, Раста… Аца е исто така Скорпија, роден е во ист ден со Миша Банана. Имаме добра енергија, но само пријателска енергија. Тој е исто како Раста, многу духовит – рекла Ана.

На нејзиниот сегашен партнер, композиторот Горан Ратковиќ Рале, јавното признание на Ана не му пречи, ниту го изненадува.

– Таа е најчесната и најискрената личност што сум ја сретнал во животот. Сè е како што рече таа. Ги почитувам нејзините претходни избори, бидејќи и јас сум имал свои. Како што јас ги почитувам нејзините и таа ги почитува моите – рекол Рале.

Познатиот композитор и пејачката ја обелоденија својата врска во мај оваа година. Со оглед на тоа што на прв поглед се издвојува од нејзините поранешни, Рале открива што ја освоил Ана.

– Јас ја освоив со мојата расипаност! Јас сум најрасипаниот човек што го запознала во животот – заклучил композиторот.

 

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....