7.8 C
Скопје
21:22 - 1 април, 2026

Ракот го уништи: Ѕвездата на филмот „Паркот Јура“, Сем Нил е тешко болен

Ѕвездата на „Паркот Јура“ ( „Jurassic Park“), 76-годишниот актер Сем Нил, зборуваше отворено за своето здравје неколку месеци откако откри дека му бил дијагностициран рак на крвта во трета фаза.
Во новото интервју тој раскажа како се лекувал претходно оваа година.

“Во никој случај не се плашам од смртта. Тоа не ме загрижува. Не ме загрижуваше ниту на почетокот, но ме нервира. Ме нервира бидејќи има работи кои сè уште сакам да ги правам”, рекол актерот.

„Имаше моменти во последната година кога морав да се погледнам во огледало и не гледав убава глетка“, додаде тој.

Сем подоцна споделил добра вест со своите фанови, дека ракот е во ремисија веќе 12 месеци. Нил сега прима инфузии на секои две недели и ќе го прави тоа до крајот на животот.

„Сè е добро. Се надевам дека така ќе остане”, рекол актерот.

„Почнав да размислувам колку сум благодарен за некои работи. Можеби нема да бидам тука за неколку месеци, па помислив да напишам нешто за моите деца и внуци. Би било добро да имаат спомен од мене и некои од работите што ги направив“, додаде тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SamNeillTheProp (@samneilltheprop)

Слични објави

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо
Се вчитува....