5.8 C
Скопје
01:50 - 1 април, 2026

Раде Шербеџија стана дедо, неговата најстара ќерка Нина роди син

Раде Шербеџија

Познатиот актер Раде Шербеџија го доби петтото внуче. Како што пишува српски „Курир“, неговата ќерка Нина, сопругата на српскиот актер Филип Ѓуриќ, во саботата родила син, а и мајката и бебето се одлично.

Нина и Филип се запознаа во 2014 година, а почнаа да се забавуваат во 2018 година. Во јули 2023 година, тие се венчаа во Нови Сад, каде што живеат и работат. Нина носеше долга, луксузна венчаница, а Раде ја однесе до олтарот. Една од фотографиите од венчавката, на која актерот ја држи за рака својата ќерка Нина, стана вирална на социјалните мрежи.

Нејзините сестри Луција, Вања и Милица и братот Данило биле едни од највеселите, а поради добрата забава и на останатите им било тешко да седат. Во еден миг во чест на својата ќерка, Раде запеал со многу емоции.

Инаку, Нина веќе неколку години е во брак со актерот Филип, а ова им е прво дете.

Покрај актерството, Ѓуриќ се занимава и со педагошка работа. Како што пишува во неговата биографија, по завршувањето на Втората гимназија во Крагуевац, се запишал на Академијата за уметности во Нови Сад, каде што и магистрирал и моментално работи како асистент на тој факултет.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....