7.8 C
Скопје
19:18 - 1 април, 2026

„Работев како макро, имав пет проститутки од Украина“: Шокантни детали од животот на познатиот актер!

Актерот Феѓа Штукан, познат на публиката по улогите во филмот „Нечиста крв – гревот на предците“ и серијата „Клан“, еднаш во својата исповед открил дека во еден период од животот работел како макро.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fedja Stukan (@fedja_stukan_)


Како што вели, имал пет проститутки од Украина, кои еден месец по лошиот бизнис, нашле нов макро.

– Пораснав во лошо маало и првото убиство го видов во петто одделение на големиот одмор. Три убоди со нож во срце! Подоцна крадев автомобили со екипата, ограбував трафики, само поради адреналин. Случајно се обидов да играм билијард и сфатив дека сум голем талент, па го напуштив средното училиште. Од 13 до 17 години најчесто времето го поминував во зачадени билијард клубови, а попатно свирев во разни бендови, работев како келнер… На почетокот на 1991 година заминав во Котор во Црна Гора на турнир, се вљубил во Сања и останав. Работев во билијард клубот, а потоа бев и макро. Имав пет проститутки од Украина. Единствениот клиент што го најдов беше мојот пријател Мујо. Му ја донесов Наташа, а тој подоцна се ожени со неа. По еден месец лошо работење, преостанатите четири Украинки ме откачија и најдоа нов макро – вели Феѓа и открива како ја напуштил Црна Гора:

– Имаше пукање во клубот и полицијата ме фати со туѓ пиштол од кој застрелав некој идиот од Вршац. Не го убив, бидејќи налетав на празни чаури. Требаше да бидам осуден за обид за убиство. Бев во притвор со двајца романски крадци. Постојано вртеа по половина жилет во устата. Ме научија како со жилет да отворам лисици. Кога полицајците ме одведоа на судење, додека чекав да се појави судијата, се ослободив и избегав. Се качив во автобус и дојдов во Сараево. Не смеев да одам кај Сања да се поздравам.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fedja Stukan (@fedja_stukan_)


Повикот за судење му пристигнал во Сараево, но тогаш започнала војната. Одлучил да оди на бојното поле, а потоа гледал што побрзо да ја напушти војската, раскажал тогаш Феѓа Штукан за српски „Информер“.

 

Слични објави

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо
Се вчитува....