04:24 - 27 декември, 2025

Пукна бракот: По 9 години се разведуваат Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер, наводно ставиле крај на нивната љубовна приказна која инспирираше милиони луѓе ширум светот. Како што пишуваат германските медиуми, Ана и Бастијан живеат одвоено веќе два месеци, далеку од очите на јавноста.

Иако сè уште нема официјална потврда, извори блиски до парот тврдат дека одлуката за разделба е донесена заеднички – по девет години брак и три деца.

Додека Бастијан (40), поранешен германски репрезентативец, поголемиот дел од времето го поминува во Минхен поради деловни обврски, Ана (37) се преселила во родниот Белград со синовите Лука (7), Леон (4) и најмладиот Тео (1). Живее во мирна населба, блиску до семејството, во стан од околу 100 квадрати. Соседите ја опишуваат како исклучително топла и приземна личност, секогаш насмеана и достапна за разговор.

Веста за можно раскинување изненади многумина, бидејќи Ана и Бастијан се сметаа за олицетворение на љубовта, хармонијата и меѓусебното почитување. Нивната насмевка на црвениот килим, нивните заеднички семејни фотографии и поддршката што си ја даваа изгледаа како реткост во светот на славните.

Заедно поминаа низ важни животни фази – збогувањето на Ана од професионалниот тенис, повлекувањето на Бастијан од фудбалот, раѓањето на три деца и многубројните преселби меѓу Германија, Америка и Србија.

Иако можеби им дојде крајот на нивната љубовна приказна, останува почитта и грижата за нивното заедничко семејство, што секогаш ќе им биде приоритет.

Слични објави

(Фото) „Моето срце никогаш не било пополно“: Александра Шијакоска е бремена по вторпат

Еспресо

Шокантно признание! Пејачот откри детали од неговата љубовна врска со Јелена Розга: „Да, вистина е…“

Еспресо

Татјана и Новица си заминаа од Австралија: Нова земја во Новата година

msp-admin

(Фото) Кралицата на хрватските модни писти по 10 години се врати пред камерите: Погледнете како изгледа поранешната Мис Хрватска

Еспресо

(Видео) Андријана Јаневска емотивно раскажа ретка приказна за Тоше за една посебна ноќ

msp-admin

Македонската макенека која мистериозно си го одзеде животот, остана запаметена како најубавата и најуспешната

msp-admin
Се вчитува....