9.8 C
Скопје
03:27 - 6 мај, 2024

Проверете што сте биле во минатиот живот според хороскопскиот знак

Овен – војсководец

Со такви лидерски вештини, храброст, тврдоглавост и волја, сигурно сте биле војсководец кој одиграл клучна улога во некоја војна. Да не сте биле толку импулсивни, вашата мудрост и природни лидерски вештини би можеле да ве направат владетел на светот. Војсководците не прифаќаат „не“ како одговор исто како овенот и прават што сакаат без оглед на тоа што и кој ќе се обиде да ги спречи.

Бик – уметник

Во претходниот живот сте поседувале изобилство на енергија и волја, како и креативност, што значи дека некогаш сте биле уметник. Биковите сакаат удобност, луксуз, убавина и уметност, а во минатото потешко се доаѓало до нив отколку сега. Поради вашето око за естетика се претпоставува дека во минатиот живот сте биле некој вид уметник што ги инспирирал луѓето со своите ремек-дела.

Близнаци – славна личност

Вие сте социјална пеперутка на зодијакот и некој што многумина го сакаат дури и кога не работите ништо посебно, што сугерира дека дефинитивно сте се занимавале со естрада. Креативни, енергични и интелигентни, вие Близнаците сте како магнет што ги привлекува луѓето кон себе. Сте биле популарни и обожавани и вашето име било познато низ целата земја каде што сте живееле.

Рак – воспитувач

Вие сте добро познати по вашата несебична личност и природниот инстинкт да им помагате на другите, па затоа астрологијата сугерира дека можеби сте биле воспитувач во минатиот живот. Остроумен, прилагодлив, тактичен и крајно трпелив се квалитети што ве прават совршени за справување со деца. Се верува дека сте биле одличен учител кој сите деца го сакале.

Лав – писател

Полн со креативни идеи и способен добро да ги изрази сопствените емоции на хартија, веројатно сте биле писател во минатиот живот. Како Лав, знаете што сака вашето срце и го знаете вистинскиот начин да го постигнете тоа. Вашиот ведар дух, креативното размислување и вашиот став ве инспирирале да напишете неколку квалитетни редови во минатото.

Девица – научник

Поради способноста на Девицата да анализира и да размислува за сè во секојдневниот живот, многу е веројатно дека сте биле научник во вашиот минат живот. Вашите мисли, идеи и различни перспективи веројатно се одговорни за некои од иновациите што го промениле светот. Секогаш обрнувате внимание на најмалите детали, па сигурно сте биле научник што тежнеел да им помогнете на другите луѓе да живеат полесно и поудобно.

Вага – судија

Со страсна желба да донесе правда, рамнотежа, хармонија и мир во светот, Вагите биле судии во сите нивни претходни животи, едноставно затоа што тоа совршено им одговара. Вие сте несебични кога станува збор за одржување на мирот и хармонијата и ги сакате луѓето. Имате способност да донесувате правилни проценки.

Скорпија – убиец

Манипулативните, мистериозни и дипломатски Скорпии можеби делуваат мирно и прибрано, но знаеме што се крие зад оваа „лажна“ личност. Опасни сте и кога сте испровоцирани можете да бидете апсолутно немилосрдни. Ако некој ви плати за некоја „валкана работа“, би го направиле тоа и никогаш не би потфрлиле. Сепак сега се други времињата.

Стрелец – воин

Слободата за вас е света вредност и за време на ропство, војна и сиромаштија, многу е веројатно дека сте биле воин кој не се штедел во борбата против злото. Немирни сте кога сте на едно место и секогаш барате авантури, но во минатиот живот сте имале причини за кои сте морале да се борите. Покрај физичката борба, можеби сте биле воин и во интелектуалниот свет, како активист. Во секој случај, оптимизмот и храброста на Стрелецот инспирирале многу луѓе во минатиот живот.

Јарец – директор

Не постои друг хороскопски знак со работна етика како вашата. Вашиот секојдневен живот е само работа, постигнување цели, воспоставување деловни контакти и склучување договори. Логични, рационални и секогаш мирни, Јарците едноставно знаат како се извршуваат работите и не се откажуваат додека не ја постигнат својата цел. Веројатно затоа сте биле извршен директор во минатиот живот – затоа што тоа била вашата цел и сте ја постигнале.

Водолија – психијатар

Во минатиот живот сте имале студен, рационален и трпелив пристап кон луѓето и работите и сте биле одличен психијатар. Како голем хуманитарец со добро срце, отсекогаш сте сакале да им помагате на луѓето. Вие сте познати и како мислители и сте имале способност да ги гледате проблемите кај луѓето кои другите ги занемарувале. Водолиите гледаат десет години однапред и тоа им овозможувало да бидат одлични во работата, во дијагностицирањето и лекувањето на своите пациенти.

Риби – филозоф

Во нивните минати животи Рибите биле луѓе што сакале да создаваат свои правила и да откриваат кои од нив би му користеле на човештвото. Вие сте биле филозофи со поинаков поглед на светот од другите. Сте сакале да го промените светот на подобро и веројатно сте го направиле тоа на некој начин. Вашата постојана жед за учење ви помогнала да соберете знаење во многу области, па слободно може да се каже дека сте биле голем филозоф.

Слични објави

(Видео) Мадона одржа концерт на Копакабана: Над милион и пол луѓе ја чекаа ѕвездата

еспресо

Зорица Брунцлик и Кемиш во солзи на Велигден: „Сакав да умрам, не можев да зборувам…“

Еспресо

(Фото) Се огласи поранешната сопруга на Харис Џиновиќ: Мелина реагираше на објава на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) Цеца на полноќна литургија: „Верник сум…“

еспресо

(Фото+видео) Еве како изгледа вилата на Јована Јеремиќ: Базен, лозје и поглед кој го одзема здивот

Еспресо

Астропрогноза за недела, 5 мај: Биковите да размислуваат позитивно, Јарците ќе напредуваат во кариерата

еспресо
Се вчитува....