14:12 - 5 април, 2026

Прослава во домот на Ражнатовиќ: Богдана и Вељко имаат посебен повод, Цеца е најгорда! 

Семејството Ражнатовиќ денеска има посебен повод за славење. Синот на Цеца Ражнатовиќ, Вељко и неговата сопруга Богдана, го слават првиот роденден на нивниот трет син Исаија, пишува српски „Телеграф“.

На денешен ден, 13 мај 2024 година, се роди третиот наследник на Ражнатовиќ, малиот Исаија, кој донесе многу радост во семејството.

На овој начин, Вељко сакал да покаже голема почит и благодарност кон овој монах и свештеник, бидејќи пред десет години поминал неколку месеци кај него во манастирот.

Престојувајќи тогаш во ова светилиште во пост и молитви, Вељко му помагал на манастирското братство во сите задачи и должности. Особено се зближил со игуменот Исаија, кој несебично му помагал со своите совети и молитви, кои Ражнатовиќ никогаш не ги заборавил.

Во текот на престојот во овој манастир во близина на Богатиќ, Вељко Ражнатовиќ ги засакал и животните, особено кучињата, бидејќи отец Исаија е познат во таа област по тоа што изградил голем азил за напуштени животни во Илиње.

На Вељко тоа многу му се допаднало тогаш, кој неколку години подоцна изградил и простор за одгледување на кучиња во Тител, но и самиот вдомил напуштени животни.

На фан-профилот на Богдана Ражнатовиќ, кој ги објавува сите новости од животот на снаата на Цеца, се појавија бројни објави со кои му го честитаат првиот роденден на малиот Исаија.

 

 

 

 

 

Слични објави

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.

(Видео) Жешкиот танц на Теа Таировиќ ја „полуде“ публиката: Скокајќи боса на сцената, а потоа во костум со реси, ги затресе колковите

Еспресо

(Фото) „Добредојдовте дома“: Милица Тодоровиќ отиде во родниот Крушевац со синот Богдан пред Велигден

Еспресо

Хороскоп за 5 април: Стрелците ќе бидат пријатно изненадени од саканата личност

apostolova
Се вчитува....