7.8 C
Скопје
00:32 - 31 март, 2026

Пролетна рамноденица 2022 година: ЗОШТО ПАЃА ДЕНЕС астрономската пролет?

Во 16.33 часот денес, недела 20 март, ќе започне астрономската пролет. Тоа е рамноденица (од ‘aequa nox’, ноќта е еднаква на денот): часовите на светлината и темнината, денес, ќе бидат исти. И од денес па во претстојните денови светлосните часови постепено ќе се зголемуваат се повеќе и повеќе, сè додека не се достигне максимумот на првиот ден на летото (кое оваа година ќе „падне“ во 9.14 часот на 21 јуни).

Иако температурата е сè уште прилично ниска, пролетта е годишното време кое го означува преминот кон летото. Но, зошто се појавува овој феномен? Кога е „откриен“?

Оваа регуларност била воспоставена за првпат во 325 година од страна на Никејскиот собор за пресметување на христијанскиот Велигден и адаптиран според Грегоријанскиот календар кој се користи и денес. Тогаш 21 март бил одреден како датум на пролетната рамноденица.

Сепак, со текот на времето се увидело дека 21 март не може да биде „фиксен“ датум за пролетната рамноденица поради таоа што календарот мери 365 дена во една година, што е незначително помалку отколку што Земјата го поминала целосно патот околу Сонцето (за 365 дена, 5 часа, 48 минути и 49 секунди). Тоа значи дека се акумулира доцнење на секои три години, а потоа се надополнува тоа доцнење со додавање еден ден на секои четири години.

Доцнењето што се акумулира значи дека секоја година моментот на пролетната рамноденица е во различно време од претходната и затоа може да „падне“ помеѓу 19 и 21 март.

Всушност, последен пат рамноденицата „паднала“ на 21 март во 2007 година, а следниот пат ќе биде во 2102 година.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....