16:35 - 6 април, 2026

Призна вина за смртта на Метју Пери: „Кралицата на кетаминот“ се соочува со казна затвор од 45 години

Јасвен Санга, позната како „Кралицата на кетаминот“, се изјасни за виновна по обвиненијата за продажба на фаталната доза на дрога која го уби американскиот актер Метју Пери.

Санга е петтиот и последен обвинет во случајот со фаталното предозирање на ѕвездата од серијата „Пријатели“, која склучи договор за признавање на вина со федералните обвинители и со тоа го избегна судењето што беше планирано за септември, објавиja странските медиуми.

Таа се согласи да се изјасни за виновна по пет федерални кривични обвиненија, вклучително и снабдување со кетамин што доведе до смртта на Пери, соопштија федералните обвинители.

Обвинителството ја претстави Санга, 42-годишна државјанка на САД и Велика Британија, како успешен дилер на дрога позната по прекарот „Кралицата на кетаминот“.

Санга призна дека претходно му продала четири ампули кетамин на Коди Мекклори, човек кој немал никаква врска со Пери, но кој исто така починал од предозирање со кетамин во 2019 година.

Обвинителите ќе отфрлат уште три обвиненија за дистрибуција на кетамин и едно обвинение за дистрибуција на метамфетамин кое не е поврзано со случајот Пери.

Пери се бореше со зависноста со години, уште од кога глумеше во серијата „Пријатели“ каде што стана една од најголемите ѕвезди на својата генерација во улогата на Чендлер Бинг.

Санга може да биде осудена на затворска казна до 45 години.

Слични објави

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.
Се вчитува....