Филмот „Казабланка“, со наизглед едноставен заплет, мора да се гледа повеќе пати за да се разбере неговата комплексност. На површината, имате љубовен триаголник кој го сочинуваат Рик, Илза и Виктор. Сè е тоа очигледно. Сепак, дали постојат и други женски ликови, освен Илза, со таква сложеност на карактерот?
Таа е женствена, со типично женски погледи. Се бори меѓу љубовта кон Рик и верноста кон сопругот. Се колеба меѓу љубовта и одговорноста.
Американскиот филмски институт го прогласи филмот „Казабланка“ за најубавата љубовна приказна на сите времиња.
Романтиката во филмот „Казабланка“ е скоро опиплива. Филмот буквално е преполн со романтика. Виктор толку многу ја сака Илза што е подготвен да го ризикува својот живот за да ја спаси. Илза толку многу го сака Рик што е подготвена да го ризикува својот живот за да биде со него. Рик толку многу ја сака Илза што е подготвен на сè за таа да биде негова, но тој е благороден и му ја препушта на Виктор знаејќи дека без неа, Виктор нема да продолжи да се бори против нацистите.
Крајот на Казабланка им е познат дури и на оние кои никогаш не го гледале филмот. Легендарната последна реченица „Луи, мислам дека ова е почеток на едно прекрасно пријателство“ не била дел од првобитната верзија туку била додадена подоцна. Без таа реченица, филмот немаше да има истиот ефект врз гледачите.
Кога ќе се собере сè – неколку од најдобрите светски актери, една од најдобрите филмски песни, незаборавни цитати, добро сценарио, егзотична атмосфера, добар развој на ликовите, бескрајна романтика – филмот „Казабланка“ е совршен избор за оваа саботна вечер.
View this post on Instagram
