5.8 C
Скопје
01:56 - 21 февруари, 2026

Повторно „каралмбол“: Рале ја ограбил Ана Николиќ па ја оставил без пари и сама во хотел во Дубаи

Порталот „Курир“ ексклузивно ги открива деталите од жестоката расправија меѓу Ана Николиќ и Горан Ратковиќ Рале во Дубаи, само неколку дена по нивната тајна венчавка на Малдивите. Според сознанија од извори кои биле на лице место, инцидентот се случил во текот на ноќта.

Двајцата престојувале во луксузниот хотел „Хилтон“, а во Обединетите Арапски Емирати допатувале со цел Ана да сними спот за својот нов сингл „Није ми 22“.

Ја оставил без пари

По долга и бурна расправија што траела цела ноќ, Ратковиќ утрото станал, ги собрал своите работи, сите пари и го напуштил хотелот, најверојатно заминувајќи кон Белград.

Извор близок до композиторот открил дека се слушнал со Ратковиќ, кој лут изјавил:

„Пушти ја, нека цр*не таму во Дубаи, како џу*ела.“

На масата ѝ оставил само пасош, а бидејќи пејачката останала без пари, во моментот е заробена во Дубаи. Дополнителен проблем претставува тоа што персоналот на хотелот наводно се обидувал да ја избрка, бидејќи престојот ѝ истекол, а таа нема средства за да ја плати собата откако Рале ги понел сите пари со себе.

Тајна венчавка на Малдивите

Изворот на „Кутрир“ не го знае точниот повод за кавгата меѓу пејачката и композиторот, но очигледно станува збор за нешто сериозно, ако Ратковиќ постапил толку грубо кон својата сопруга.

Да потсетиме, Ана и Рале се венчаа изминатиот викенд на песочна плажа на Малдивите, во интимна и тајна церемонија. Пејачката и продуцентот се венчаа на една од најубавите плажи на овој егзотичен остров, а нивното патување требаше да биде романтичен одмор, откако по бурниот период кој го поминаа, одлучија повторно да бидат заедно.

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....