7.8 C
Скопје
19:45 - 31 март, 2026

Потресно видео на Пеле од болница, сè навестува на најлошото

Пеле веќе се прости од семејството и пријателите со видео повик од болничкиот кревет. Големиот фудбалски ас боледува од рак на дебелото црево.

Бразилската фудбалска ѕвезда Пеле (82) Божиќ го помина во болница откако му се влоши здравствената состојба.

И покрај напорите и волјата на лекарите од болницата „Алберт Ајнштајн“, болеста напредува. Според медиумите ширум светот, Пеле веќе се простил од семејството и пријателите со видео повик од болничкиот кревет.

Да потсетиме, Пеле боледува од рак на дебелото црево, а сега му се загрозени срцето и бубрезите. На социјалните мрежи е објавено шокантно видео од болницата.

– Сè уште сме тука, во борба и со верба. Уште една заедничка ноќ – напиша ќерката со споделената фотографијата.

И синот Едињо објави фотографија со татка си на социјалните мрежи.

Едињо е технички директор на фудбалскиот клуб Лондрин, во јужната бразилска држава Парана, а им се придружи на сестрите Флавија и Кели во болницата каде што лежи татко им за Божиќ.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо
Се вчитува....