8.8 C
Скопје
11:15 - 1 април, 2026

„Последен пат го видов на својот 18. роденден“: Сања Вучиќ прв пат проговори за својот покоен татко

Пејачката Сања Вучиќ ретко зборува за својот приватен живот, особено за врската со нејзиниот татко, со кого не пораснала. Во интервју за новиот број на списанието „Скандал“, Сања Вучиќ за прв пат зборуваше за нивните последни контакти и се потсети на емотивните моменти пред да почине пред три години.

„Тоа е дел од мојата приватност, нема потреба да биде јавно. Често ја споменувам мајка ми бидејќи е многу вклучена во мојот живот, па е невозможно да не ја споменам, а не пораснав со татко ми… Тој почина пред три години, немавме никаков контакт. Се пресели во странство поради работа кога бев мала, а во меѓувреме, линиите се изгубија“, рече таа, откривајќи дека последен пат го видела својот татко кога имала 18 години.

„Последниот пат кога го видов беше на мојот 18-ти роденден… Не сакам да зборувам за него… Сигурна сум дека беше горд на мене, разговаравме непосредно пред неговата смрт“, изјави Сања Вучиќ за „Скандал“.

За потсетување, Сања Вучиќ е родена на 8 август 1993 година, го поминала раното детство во Неготин, а потоа се преселила со мајка си во Крушевац, каде што пораснала.

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....