-0.2 C
Скопје
03:46 - 11 март, 2026

ПОСЕН Чизкејк со кокос, јагоди и сок од портокал: Шеф Бранко Попоски ни носи здрав рецепт без брашно

25 рецепти за 25.000 илјади вкусни и здрави навики со Cooking with Branko.

– Чизкејкот е еден од моите пет омилени десерти и најподготвуван. Но, секогаш е различен. Некогаш е во комбинација со лимон и кокос, некогаш е чоколаден, а некогаш и ваков како денес – кокос, јагоди и сок од портокал, вели шеф Бранко Попоски познат како Cooking with Branko.

БЕЗ ШЕЌЕР, БЕЗ БРАШНО, БЕЗ ЛАКТОЗА, ВЕГАНСКИ.

 
– Сигурен сум дека ќе уживате во подготовката на овој брз, лесен, вкусен и пред се ЗДРАВ чизкејк, со кој ќе ги изненадите вашите најблиски и семејството со десерт кој ќе ја разбуди пролетта – додава шеф Бранко.
фото-приватна архива

 
Потребни состојки

За долниот дел:
100гр. кокосово масло
250гр. мелени бадеми, ореви и лешници
За кремот:
250гр. веганско маскарпоне
400мл. кокосово млеко
2 големи лажици екстракт од урма
1 лажичка екстракт од ванила
Сецкани јагоди (по желба и вкус)
1 цеден портокал
Рендана кора од портокал
За глазурата:
250гр. јагоди

 
Начин на подготовка


Во тенџере додадете ги состојките за подготовка на долниот дел од тортата. Формирајте смеса која ќе ја притиснете со рацете за чизкејк тавчето за да се формира убава кора. Оставете ја смесата во фрижидер околу 10 минути за да се стегне убаво.
Во длабок сад додадете го маскарпонето, кокосовото млеко и сокот од портокал. Почнете да матите со миксерот. Постепено додадете ги и останатите состојки. Јагодите и кората од портокал додадете ги со постепено мешање со дрвена лажица.
Истурете ја смесата врз кората и оставете ја да се стегне одредено време. (Јас ја оставив цела вечер во фрижидер)
Во тенџере додадете ги јагодите и ставете ги на оган. Нека се варат се додека не се добие густа и леплива смеса од јагоди. Потоа смесата (изладена) истурете ја врз кремот.
Оставете уште 15-20 мин. да се зацврсти.
фото-приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива
 
Препуштете се на максимално задоволство и уживање со парче вкусен и здрав десерт.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....