12.8 C
Скопје
13:52 - 24 март, 2026

Поранешниот крал Хуан Карлос се враќа во Шпанија по две години егзил

Хуан Карлос ја напушти Шпанија и замина за Емиратите откако беше поврзан со истрага за наводна корупција. Во март истрагата беше затворена.

Поранешниот крал на Шпанија, Хуан Карлос денеска се врати во својата земја по речиси две години егзил во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), потврди шпанската кралска палата.

Хуан Карлос ја напушти Шпанија откако беше поврзан со истрага за наводна корупција. Но, во март, три истраги против 84-годишниот поранешен владетел беа затворени, отворајќи го патот за негово враќање.

Поранешниот крал пристигна во Шпанија, а потоа ќе се врати во Обединетите Арапски Емирати во понеделник. Тој планира да помине време со своето семејство во Санксенксо во северозападна Шпанија, а исто така ќе го види својот син, кралот Фелипе Шести, во главниот град Мадрид.

Посетата е дел од неговата „желба редовно да ги посетува семејството и пријателите во Шпанија“ во „приватен“ амбиент, соопшти палатата, а пренесе Би-би-си.

 

Слични објави

(Фото) Благоја Грујовски запеа за мајката на Гавазова со посебен повод

msp-admin

„Нe сум родена да живеам сама“ – ексклузивна исповед на Ана Бекута

E.A.

(Видео) Елена Велевска проговори за децата: Секогаш навивам за син ми

msp-admin

„Ти Станија не треба да бидеш пример на девојчињата“ – Понижувањето кое старлетата го доживеа во емисијата на Сања Маринковиќ и денес се прераскажува

E.A.

Миро Кацаров во прегратка на двете деца, посебна слика на водителот со Тадеј и Миа

msp-admin

„Тогаш Бог почнува…“: Лазиќ ноќеска објави снимка од дворот во Брестач

E.A.
Се вчитува....