7.8 C
Скопје
23:42 - 30 март, 2026

Попоски прогнозира какво време нè очекува во следниве денови: Ќе се изненадите!

– Под влијание на циклонска активност, како и на серија влажни воздушни бранови во Македонија до самиот крај од оваа недела времето ќе биде променливо облачно и РЕЛАТИВНО ТОПЛО со НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ температури на воздухот но и со сончеви периоди. Ќе има и повремени врнежи од дожд и истите повремено и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ.

Влажен снег ќе врне само на највисоките планински места.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец и истиот повремено и тоа особено Долж Повардарието ќе засилува на интензитет.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 15 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели истите ќе се искачат и над 15 степени (односно до околу 17 степени).

Во Скопје  и околината времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Ќе има и повремени врнежи од дожд, а ќе биде и релативно топло со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 13 и 15 степени – вели метеопрогнзерот Попоски и напоменува: До четврток во Атмосферата ќе ни биде присутна Сахарска прашина и песок, со што истата ќе биде заматена а времето ќе биде претежно мачно. Исто така локално ќе има услови и за ретка појава на грмежи и ЗАСИЛЕН ветер во зоната на нестабилност.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....