22:18 - 6 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Денес излезете на прошетка и уживајте во последните сончеви зраци за оваа недела

– Денес и утре времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 20 степени, вели нашиот прогнозер Славчо Попоски.

Зголемување на облачноста ќе има утре кон крајот на денот и во вечерните часови, а доцна навечер и во текот на ноќта кон вторник од запад ќе се прошируваат врнежи од дожд. Врнежи од дожд ќе има и во вторник, кога ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Сепак до крајот на денот врнежите во најголем дел од државава ќе престанат.

Локално, и тоа особено на запад врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и ќе наврнат околу 20 л/м2 воден талог. Температурите во вторник ќе бидат нешто пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени, а значителен пораст на истите ќе има од среда и тоа поради јужното воздушно струење, додека времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Во Скопскиот регион утре ќе се задржи стабилно, додека во вторник ќе има зголемена облачност, проследена со врнежи од дожд и умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 15 и 17 степени. Пораст на температурите и во Скопскиот регион ќе има од среда кога истите ќе се искачат и над 20 степени.

Слични објави

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо

Дали е безбедно да се пие вода наточена пред еден ден? Стручњаците го имаат одговорот

Т.Ц.
Се вчитува....