7.8 C
Скопје
21:18 - 20 март, 2026

Попоски предупредува на страшно невреме, еве кога

По разорното невреме кое ги зафати Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и соседна Србија, и однесе неколку човечки животи, а поголем број граѓани беа повредени, во текот на денешниот ден, а особено вечерта и ноќта према сабота во овие делови очекуваме ново разорно невреме.

Во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина како и во северните предели од соседна Србија денес очекуваме ново разорно невреме, и тоа поради повеќедневните големи горештини кои ги зафатија овие предели. Од Алскиот регион према овие предели ќе продре голема влажна и нестабилна воздушна маса и истата ќе го донесе ова ново страшно невреме.

Можно е ново сериозно Суперќелијско невреме, па затоа граѓаните да бидат крајно внимателни, особено апелираме на нашите граѓани кои се наоѓаат во овие земји. Од појави се очекуваат силни поројни врнежи од дожд, опасност од поплави, разорен ветер, силни и чести електрични празнења и појава на крупен град кој може да направи многу штети.

За голема среќа, нашата Македонија нема да биде зафатена од ова ново разорно невреме кое ќе го зафати регионот денес – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Марија Шерифовиќ објави албум со детски песни, една му посвети на синот Марио

Еспресо

Марија Шерифовиќ призна дека нејзиниот син е толку залепен за неа, што не може да оди ниту во тоалет

Еспресо

(Видео) Последната објава на Чак Норис од пред само 10 дена: „Само преминувам на повисоко ниво“

Еспресо

Чак Норис зад себе остави пет деца, два брака и живот поголем од филмскиот мит, а од глумата се повлече за да ѝ се посвети на болната сопруга

Еспресо

Почина Чак Норис, легендарниот мајстор на боречките вештини

Еспресо

(Фото) Галена направила хаос на настапот на Цеца: Танцувала, ги кренала нозете и покажала премногу

Еспресо
Се вчитува....