14:27 - 12 ноември, 2026

Попоски го најавува првиот топол африкански бран кај нас, еве кога ни доаѓа вистинско жешко лето!

– По долгиот период исполнет со многу нестабилно време и временски непогоди, кои предизвикаа многу штети низ Македонија, конечно во текот на следната седмица кај нас, но и во целиот регион доаѓа првиот поголем топол Африкански бран. Овој топлотен бран ќе донесе вистинско лето, но и многу високи температури, како и многу висок Ув индекс.

Во текот на следната седмица температурите насекаде ќе се искачуваат над 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели од Македонија тие ќе се искачат и до 38 степени, локално може да ги очекуваме и првите температури од 40 степени.

Барем според сегашните анализи кои ги направивме, следната седмица кај нас во Македонија, но и во регионот ќе биде исполнета со многу сонце (вистинско лето). Конечно лубителите на летото ќе си дојдат на своето.

Ние континуирано ќе го следиме развојот на временските услови, па во следните неколку денови ќе знаеме колку ќе се задржи ова вистинско лето и топлотниот бран кој го најавивме кај нас од следната седмица, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.
Се вчитува....