16.8 C
Скопје
15:38 - 10 март, 2026

Попоски: Циклонска активност ни носи поројни дождови и силен ветер, еве кога

– За време на овој викенд се уште во Македонија ќе се задржи вистинското ПРОЛЕТНО време со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.

Сепак утре попладне и кон крајот на денот ќе има локално зголемување на облачноста и во северните и во источните предели ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност.

Под влијание на ИЗРАЗЕНА влажна и нестабилна воздушна маса која ќе биде придружена со циклонската активност од запад, во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд, појава на грмежи и СИЛЕН југозападен ветер. Ќе има услови и за локална појава на НЕВРЕМЕ.

НАГЛО и ГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ на времето кај нас ќе има во текот на ноќта понеделник према вторник и тогаш на повисоките места и на планините врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, но ќе слабеат на интензитет. Не се исклучува можноста за сосема слабо провејување на снег и во некои места со помала надморска височина. Сево ова ќе биде проследено и со СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец.

Веќе на средината од следната сдмица наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат ПОД НУЛАТА, со што се очекува и појава на МРАЗ, а сево ова лошо ќе влијае врз расцветаните овошки ширум Македонија. Токму поради ова, на земјоделците со време ги советуваме да ги заштитат своите земјоделски култури и тоа поради очекуваната појава на мраз во најголем дел од Македонија.

Невообичаено ниски температури во текот на следната седмица ќе имаме и низ целиот Балкан, но и низ Европа, и тоа поради спуштањето на ЛАДНАТА БОМБА од Арктикот во Европа, па дури и до јужните предели на Балканот.

Секако оваа НАГЛА и ГОЛЕМА промена на времето лошо ќе влијае и врз метеопатите, каде се очекуваат ЗНАЧИТЕЛНИ здравствени проблеми. На истите им се препорачува редовно да ја земаат својата препишана терапија од својот матичен лекар, но и да побараат совет од истиот.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

 

Слични објави

(Фото) Еве како изгледа единствениот син на Тони Цетински: Живее далеку од Хрватска и има успешна кариера

Еспресо

„Ми се врати детето“: Луна Ѓогани конечно во прегратката на мајка ѝ и ќерките по драмата на Блискиот Исток

apostolova

Необична слика од Маја Панчева, пејачката изненади од рано наутро

msp-admin

Здравко Чолиќ ја бакна сопругата на Тарик Филиповиќ: Оваа приказна ја сподели Лејла за него

msp-admin

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

(Фото) По 15 години брак уште се романтични како младенци: Водителот Ненад со сопругата на плажа

msp-admin
Се вчитува....