10:19 - 12 март, 2026

„Помогнете ми!“: Сања Вучиќ јавно побара помош за нејзината здравствена состојба

Откако ја напушти групата „Хјурикеjн“, срспката пејачка Сања Вучиќ неуморно работи на својата соло-кариера. Таа редовно настапува низ Европа и регионот, но сега пејачката се огласи на социјалните мрежи и побара помош од своите следбеници.

Имено, како што истакна пејачката, таа во последно време е премногу уморна и не знае како да го реши тој проблем.

– Дали знаете некои препарати, минерали, што и да е, што може да ја зголеми животната радост и ентузијазам? Да можам 20 минути да прошетам низ градот без да се прозевам или да ме боли глава. Помогнете ми! – напиша Сања Вучиќ на Твитер.

Да потсетиме, Сања неодамна проговори за својата борба со здравјето, а откри низ што поминала додека не ја разбрала причината за нејзините проблеми со тироидната жлезда.

– Отидов на психијатар и помислив дека се работи за некаква депресија, која докторот на крајот ми ја дијагностицираше – изјави Сања Вучиќ, а потоа откри дека ѝ била дијагностицирана погрешна болест.

Слични објави

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо
Се вчитува....