11.8 C
Скопје
19:02 - 10 март, 2026

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Настапот на српскиот пејач Драгомир Деспиќ Десингерица, кој се одржа пред три недели во Врање, предизвика голема осуда од јавноста. Иако неговиот настап речиси секогаш привлекува големо внимание, поради неговите испади, овој негов настап ги премина некои граници со оглед на тоа што на сцената беше донесено живо суштество – јагне. Многумина беа шокирани од неговиот потег да го донесе јагнето на сцената, а Десингерица даде изјава во која рече дека тој не го сторил тоа, туку дека јагнето се појавило на сцената без негово знаење.

Исто така, пејачот рекол дека реагирал многу брзо и побарал да биде отстранет. Потоа, против раперот беа поднесени три кривични пријави, а сега Министерството за внатрешни работи во Врање поднесе и кривична пријава против М. Џ. кој го сторил кривичното дело.

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Врање, по наредба на Основното јавно обвинителство во овој град, поднесоа кривична пријава во редовна постапка против М. Џ. (1988) од Врање, поради постоење основи на сомненија дека сторил кривично дело убивање и злоставување животни.

Се сомнева дека на 20 февруари оваа година, на настапот на раперот Драгомир Деспиќ Десингерица во ноќен клуб во Врање, М. Џ. го внел јагнето и го однел на сцената, прекршувајќи го Законот за благосостојба на животните.

Да потсетиме, во Основното јавно обвинителство во Врање биле поднесени три кривични пријави против раперот Драгомир Деспиќ Десингерица, поради неговиот неодамнешен настап во истиот клуб во Врање.

Десингерица на 20 февруари имал настап и тоа со живо јагне на сцената. Му донеле живо јагне кое се спротивставувало и се обидувало да избега, додека раперо Деспиќ ја изведувал својата песна „Чоколадо“.

Од Основното јавно обвинителство потврдиле дека примиле и три кривични пријави против одговорните лица во клубот во Врање, каде што настапувал раперот.

– Во понатамошниот тек на постапката, ќе биде поднесено барање до надлежното ПУ во Врање за собирање на потребните информации за сите околности на настанувањето на критичниот настан – се наведува во одговорот на Основното јавно обвинителство.

 

 

 

Слични објави

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

(Фото) Жељко Самарџиќ пее на „Кнез Михајлова“ – минувачите зачудено го гледале!

Еспресо

Астро совети за секој хороскопски знак: Како најдобро да ја искористите енергијата на ѕвездите

Еспресо

Сопругата на Дарко Лазиќ бесно возврати: Државата не ни го плати ниту одморот, ниту враќањето од Малдивите!

Еспресо

Јаков Јозиновиќ по скандалот со откажаниот концерт на Цецински: „Ние продолжуваме да шириме љубов“

Еспресо
Се вчитува....