5.8 C
Скопје
23:15 - 28 март, 2026

Почина еднa од најпознатите манекенки од деведесеттите, имаше само 46 години

Британскиот супермодел Георгина Купер почина на 46-годишна возраст на островот Кос во Грција, само неколку месеци откако се омажила, пишува „Дејли мејл“.

Ја знаеме по насловните страници на магазинот „Кул Британија“ и дружбата со познатата Кејт Мос.

Од неа се збогуваат многу колеги, како Џејд Парфит, Ерин О’Конор, Џоди Кид и Хелена Кристенсен.

„Таа ја сакаше Грција и ми кажа дека ќе се врати таму, кај нејзиниот нов сопруг – но таа трагично почина таму пред две недели. На Георгина не ѝ беше добро за време на Ковид и имаше некои здравствени проблеми, исто така беше во болница. Но, таа имаше планови за иднината. Таа штотуку се омажи и се радуваше на својот живот. Сите беа уништени. Таа беше вистинска суперѕвезда“, изјавил нејзиниот агент.

Герогина беше забележана од модна агенција на 13 години, а првиот голем успех го постигна кога на 15 години се појави во спотот на Бон Џови.

Потоа стана едно од заштитните лица на деведесеттите и го доби прекарот „девојката со празнина меѓу забите“, работејќи како муза за познатата фотографка Корин Деј, за најголемите имиња во модната индустрија и појавувајќи се на насловните страници на aмерикански „Вог“ и „Фејс“.

Слични објави

(Фото) Талија на милиметри од скандал

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

„Се бори“: Пејачот откри во каква состојба е вдовицата на Халид Бешлиќ

Е.А.

Јелена Розга се прошета низ Њујорк со јакна од 2.500 евра

Еспресо

(Фото) Се мажи 16-годишната ќерка на Тајсон Фјури! За моминската вечер сакала да изгледа како грчка божица

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо
Се вчитува....