17.8 C
Скопје
13:07 - 13 март, 2026

Почина Бетовен, Роден е Стивен Тејлор и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Денешниот ден во музичката историја ќе го паметиме најмногу по смртта на легендарниот Бетовен, но и по уште неколку важни настани за кои можете да прочитате во продолжение…

1827 година – Почина германскиот композитор и пијанист Лудвиг ван Бетовен.

1917 година – Роден Руфус Томас, американски ар-ен-би, соул и фанк пејач.

1944 година – Родена Дијана Рос, соул, поп и диско пејачка, член на женската вокална група „The Supremes“ и соло изведувач.

1948 година – Роден е Стивен Тејлор, пејач на славната рок група „Aerosmith“.

1965 година – Мик Џегер, Брајан Џонс и Бил Вајмaн доживеаја струен удар од микрофон на сцена за време на концерт на популарните Стонси во Данска. Бил Вајман остана без свест неколку минути.

1985 година – Југотон го издаде 4. студиски албум на рок групата „Филм“ под назив „Сигнали у ночи“. Помеѓу осумте песни, за кои музиката и стиховите ги напиша лидерот и пејач Јурослав Јура Стублиќ, како ултимативен хит се оддели нумерата „Пјевајмо до зоре“, а успешни беа уште и „Сигнали у ночи“, „Ријека правде“ и „Осмијеси“.

1986 година – „Metallica“ го објавија третиот студиски албум под назив „Master of puppets“. Во многу избори ова издание се смета за најдобро во рок музиката.

1993 година – Групата „Ван Гог“ заврши со снимање на третиот студиски албум „Страст“ и изданието понуди неколку одлични нумери како „Басна“, „Музичка куча“, „Мама“, „Манутуа ми, немој бити луд“, а сите ги напиша фронтменот на бендот, гитаристот и пејачот Ѕвонимир Ѓукиќ Ѓуле.

1996 година – Марк Кнопфлер го издаде првиот соло албум под назив „Golden heart“, со што неговото распуштање на групата „Dire Straits“, кое се случи претходната година, добива и конечна потврда.

2001 година – Британскиот виртуелен бенд „Gorillaz“ го добива првиот и истоимен албум, од кој како најголем хит се одделува песната „Clint Eastwood“.

 

Слични објави

(Фото) Ваква не ја знаеме: Ирена Спировска природна, без трошка шминка

msp-admin

Нови детали за несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Ќе биде погребан денеска, на гробиштата во Брестач

Еспресо

(Фото) Водителката Милена изненади: Овој човек е нејзината сродна душа

msp-admin

(Фото) Азис си ги покажа новите гради по операцијата: „Сега одам гордо, навистина се чувствувам посебно“

Еспресо

Животот е убав: Пере од „Нокаут“ сподели редок спомен за Кили

msp-admin

„Мислев дека умирам“: Болна исповед на пејачката Александра Младеновиќ за тешкиот период

Еспресо
Се вчитува....