12:33 - 3 април, 2026

Почина 32-годишната глумица Чарлби Дин од ненадејна болест: Пред 4 недели се верила, а за 4 недели требало да има премиера на филм во кој глуми

Јужноафриканската манекенка и актерка Чарлби Дин починала во понеделникот на 32-годишна возраст од „неочекувана и ненадејна болест“ во болница во Њујорк.

Таа почина само неколку недели пред премиерата на црната комедија „Триаголник на тагата“ (“Triangle of Sadness”), која дури се споменуваше и како кандидат за Оскар, а која требаше да ја лансира оваа убавица меѓу холивудските ѕвезди.

Чарлби беше на почетокот на голема кариера, а пред четири месеци се свршила со нејзиното момче Лук Чејс Вокер. По 4 години врска, тој ја запросил на Менхетен, на истата улица каде што се бакнале за прв пат.

Манекенката живеела со своето момче и кучето во населбата Холивуд Хилс во Њујорк, каде што имала куќа.

Чарлби претходно имала уште неколку улоги, од кои најзабележителни се во филмовите „Black Lightning“, „An Interview with God“ и „Spud“.

 

Слични објави

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо
Се вчитува....