6.6 C
Скопје
03:55 - 1 април, 2026

По неколкунеделни дописки, Џил Бајден и Олена Зеленски се сретнаа: „Сакав да дојдам за Денот на мајките“

Сопругата на американскиот претседател во посета на Олена Зеленски. Сопругата на Зеленски првпат се појавува во јавноста од 24 февруари.

Патувајќи во Европа, Џил Бајден застана во Украина. По неколку часа престој на украинска територија, сопругата на американскиот претседател на Денот на мајката се сретна со сопругата на Володимир Зеленски, првата дама Олена Зеленски, на која ѝ подари букет цвеќе и ѝ донесе поддршка од американското претседателство.

„Сакав да дојдам за Денот на мајките“, рекла Џил Бајден, објаснувајќи ја нејзината – за јавноста – изненадна посета.

Гостувањето остана тајна до крајот. Џил Бајден и Олена Зеленски беа придружувани со автомобил до градот Ужхород, на границата со Словачка и Унгарија, каде што посетија државно училиште сега претворено во сместување и засолниште за 163 украински раселени лица, од кои 47 се деца. Двете први дами им се придружија на некои од малите гости во објектот, помагајќи им во уметничките работи покрај мајките.

Белата куќа соопшти дека Олена Зеленски и Џил Бајден биле во кореспонденција во последните неколку недели.

Володимир Зеленски ѝ се заблагодари на сопругата на Џо Бајден за, според него, многу храбар чин. „Знаеме колку сила е потребна за да се дојде во Украина со војната што е во тек“, коментираше украинскиот претседател.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by First Lady Dr. Jill Biden (@flotus)

СОПРУГАТА НА ЗЕЛЕНСКИ: „Ми кажа збор и замина“, „не сум го видела Володимир од почеток на војната“

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....