8.8 C
Скопје
21:09 - 30 март, 2026

По големото фијаско, Адел се одлучила на драстичен потег – Ги отпуштила својот креативен тим и ангажирала нов

Британската пејачка Адел решила да се ослободи од стариот креативен тим кој го смета за одговорен за фијаското во Лас Вегас и да им даде можност на други креативци.

Многумина сè уште јасно се сеќаваат на снимката на Адел од јануари оваа година кога таа низ солзи објави дека нејзините долгоочекувани настапи во Лас Вегас, каде што требаше да го има своето шоу во „Цезар Палас“, се откажуваат. Сега Британката има намера да започне се повторно, а сака „Weekends With Adele“ да започнат летово, но во сосема поинакво издание.

Како што пишува британски Телеграф, 33-годишната Адел им поделила откази на членовите од тимот со кој соработувала со години. Прва на листата била нејзината долгогодишна сценографка Есмералда Ес Девлин, и тоа откако наводно имале жестока расправија за тоа како треба да изгледа шоуто.

Наместо неа ја ангажирала Ким Гевин, уметничка директорка одговорна за концертите на „Take That“, „Stufish“, а била и дел од тимот на неодамнешната турнеја на „Rolling Stones“.

Планот е настапите да започнат кон крајот на јули или почетокот на август. Овој пат, наводно, ништо не треба да и застане на патот на познатата Адел за да ги реализира договорените концерти.

Слични објави

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....