0.8 C
Скопје
17:33 - 22 декември, 2024

Ова е ВИСТИНСКАТА ПРИЧИНА зошто Хари не беше на комеморацијата на дедо му!

Безбедносните причини, изнесени од војводата од Сасекс за да го објасни неговото отсуство во Вестминстерската опатија на 29 март, биле само изговор за прикривање на вистинската причина. 

Откако принцот Хари го пропушти најважниот датум на неговото семејство, имено комеморацијата на принцот Филип во Вестминстерската опатија, со изговор што многу британски коментатори го нарекоа „патетичен“, неговите симпатии меѓу сонародниците драстично се намалија. Без оглед на вистинските причини за неговото отсуство (фактот што не се чувствува безбедно во Лондон, за експертите не е доволна причина) Хари, поради сите, а најмногу поради баба му – кралицата, требаше да дојде во Лондон и да  му оддаде почит на дедото кој толку многу го сакаше.

Но, принцот не го направи тоа затоа што, според писателката и кралски експерт Тина Браун,„ има нешто што Хари едноставно не може да го надмине“, а тоа е експлицитната желба на Елизабета Втора, Камила од Корнвол да биде наречена кралица кога Чарлс ќе се качи на тронот. .

„Хари има силна омраза кон Камила, сè уште е лут на неа поради она што таа жена го правела зад грб на неговата мајка“, вели писателката.

„Природно е дека одлуката на бабата не го израдува. Но тоа чувство на лутина постои можност да го опише во својата книга на мемоари што ќе ја објави на крајот на годината“ – обаснува Браун и додава дека се претпоставува дека Хари напишал „отровни“ страници за својот татко и за маќеата Камила.

Првиот сигнал веќе ледената тишина на Хари и Меган по објавувањето на кралицата дека маќеата на Хари и Вилијам ќе стане следна кралица.  Додека целото семејство јавно ја бодреше војвотката од Корнвол поради признанието на кралицата, од војводите од Сасекс немаше коментар.

Но не само што Хари не ја сака многу Камила, туку и самата Камила не ја трпи Меган Маркл, ниту пак, Меган- Камила.

Познавачите на кралското семејство велат дека Камила, иако доста постара од Меган, гледала да не биде на секое место засенета од глумицата. Според Том Бауер, експерт за кралското семејство, на Камила „ѝ беше тешко да поверува дека Меган би се откажала од кариерата и нејзината независност за тивко и посветено да ѝ служи на круната “.

Но, Меган, знаејќи го стравот на Камила, сепак одлучи да ја засенува каде ќе стигне, а најдобро тоа го постигна кога се појави во Националниот театар во Лондон на денот кога Камила држеше многу важен говор против насилството врз жените. Така, успеа да го привлече вниманието на медиумите и веднаш ја фрли во сенка долгата и напорна работа на свекрвата.

Војвотката од Корнвол пак, лутината по настанот не ја покажа во јавноста, но, како интелигентна жена, конечно сфати дека нејзините првични сомнежи не биле без причина. Оттогаш односот со Меган се промени додека целосно не се влоши во најкритичниот момент на Мегксит.

Сепак, со отсуството на Хари од важната комеморација на принцот Филип, и сите сплетки и кавги на семејството кои стојат во позадина, кралицата Елизабета ја плати цената.

Слични објави

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....