7.8 C
Скопје
09:08 - 31 март, 2026

„Оскарите треба да се срамат што не ја вклучија Ен Хеч во Ин мемориам“: Фановите бесни на Академијата за пропустот кон починатата актерка

Церемонијата на доделување на Оскарите се најде на удар на критики откако не ѝ оддаде почит на починатата актерка Ен Хеч за време на годишниот сегмент „Ин Мемориам“.

Сегментот „In Memoriam“ беше трогателна искажана почит кон актерите кои си заминаа, нивните животи и кариерите, но и кон филмаџии и други професионалци од индустријата кои починаа во претходната година.

Оваа година, ѕвездата на „Брилијантин“, Џон Траволта, одржа говор за Ин мемориам-видеото со оддавање почит на Оливија Њутн-Џон и Кирсти Али, две негови покојни пријателки од филмскиот свет и партнерки во хит филмови.

И покрај спомнувањето на неколку други холивудски великани кои починаа во претходната година, како Џејмс Каан, Анџела Лансбери и Ракел Велч, сегментот не ја вклучи Ен Хеч, која почина во септември 2022 година.

Пропустот предизвика бура од протести на социјалните мрежи, при што многу гледачи го изразија својот шок и разочарување од одлуката на Академијата да не ја вклучи во „Ин мемориам“.

Некои гледачи ги критикуваа Оскарите за непризнавање на придонесот на Хеч во индустријата, додека други ја обвинија Академијата за „голем превид“.

Еден гледач напиша на Твитер: „Ја нема Ен Хеч во Ин Мемориам? Зарем таа не беше актерка цел живот? Одвратно“. Друг пак, твитна: „Многу е голем пропустот што не ја истакнавте Ен Хеч во Ин Мемориам, таа остави голем белег“.

„Оскарите треба да се срамат што не ја вклучија Ен Хеч, големиот талент, во Ин Мемориам“, се согласија повеќе твитерџии.

И покрај контроверзите, Академијата сè уште не се изјаснила за ова прашање, ниту пак понудила објаснување за отсуството на Хеч од сегментот In Memoriam.

 

 

Слични објави

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova
Се вчитува....