6.8 C
Скопје
09:37 - 1 април, 2026

Опериран Срѓан Ѓоковиќ: Таткото на Новак морал да оди „под нож“ поради компликации по првата операција

Срѓан Ѓоковиќ пред два дена е опериран во Клиничкиот центар на Србија. Како што дознава српска „Република“, таткото на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ бил опериран поради компликации кои настанале по скршеницата на раката во април.

Имено, Срѓан пред неколку дена бил примен на инфективната клиника во Белград поради компликации на десната рака, кога било утврдено дека со нова операција ќе се реши проблемот. Тој во четвртокот бил примен во болница, а токму тогаш и Новак бил фотографиран пред Клиниката со неговата мајка Дијана и неговата сопруга Јелена.

– Срѓан денеска беше успешно опериран на ортопедија. Му беше оперирана коската која ги поврзува рамото и лактот на десната рака, односно хумерус, како што го нарекуваат во медицината. Причина за итната интервенција била појавата на течност која почнала да му излегува од раката на местото на претходната операција. Оваа операција беше направена на истиот рез како и првата. Токму поради таа течност Срѓан најпрвин се јавил на инфективната клиника, но било утврдено дека е подобро да биде опериран на ортопедија, како и првиот пат – изјавил за „Република“ извор запознаен со целата ситуација.

 

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....