14.8 C
Скопје
17:44 - 16 март, 2026

ОД ПОСТАР ЛЕБ ПРЕВКУСНИ ПИРОШКИ: Омилен рецепт за појадок или мезе

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

Денес нашата драга Теа со сите вас споделува еден брз и превкусен рецепт.

– Секогаш кога имам постар леб го користам за да ги направам овие превкусни пирошки кои ми се омилен појадок или мезе за со пријатели. Брзо се прават и што е најдобро нема да треба да правите тост или пржени лепчиња од стариот леб – вели Теа.
Потребни состојки:
▪️1/2 леб (300-400 гр.)
▪️2 јајца
▪️100 гр. кашкавал
▪️100 гр. шунка
▪️50 гр. лебни трошки + за валање
▪️30 мл. масло за јадење
▪️сол
▪️оригано

Начин на подготовка:

фото-приватна архива
фото-приватна архива
Во длабок сад иситнете го лебот. Додадете ги јајцата, лебните трошки и маслото и убаво измешајте да добиете леплива смеса. Во неа додадете ги кашкавалот и шунката ситно исецкани и измешајте.
Со влажни раце формирајте пирошки и извалајте ги во лебни трошки. Наредете ги во тавче на хартија за печење и попрскајте ги со масло.
Печете ги во загреана рерна на 250 степени 10-15 минути или испржете ги во загрено масло.
фото-приватна архива

Слични објави

Ксенија Пајчин му го посветила својот најголем хит на фудбалерот со кого тајно се гледала: Во љубовта сум страсна, не сум посесивна, ниту романтична, и не сум љубоморна!

Еспресо

Стјуардесите откриваат пет работи што никогаш не треба да ги нарачувате во авион

Еспресо

Тејана Тејлор во центар на скандал на Оскарите: Камерите ја фатија како вика по маж во ходникот

apostolova

„Тоа беше нејзината одмазда“: Пејач останал сам во шума поради Лепа Брена, го оставиле таму по лет со хеликоптер

Еспресо

„Се тепаа во сепарето“: Што се случувало 24 часа пред убиството на Ксенија Пајчин?

Еспресо

Галантен партнер: Каспер ѝ купил шпорет и фрижидер на Мина Костиќ

Еспресо
Се вчитува....