09:40 - 6 април, 2026

Од менаџерка на сестра ѝ до соло кариера: Ова е Сунчица, сестрата на Нина Бадриќ

Малкумина знаат дека и сестрата на Нина Бадриќ, Сунчица е и музички талентирана. Некогаш придружен вокал во Хрватска, Германија и Италија, Сунчица сега сними емотивна балада на италијански јазик и, се чини дека е на прагот да влезе на светската музичка сцена, пишува Tportal.

Песната „Il Fuoco Dentro“ („Пламенот во мене“) e поп-балада со препознатлив Санремо призвук и емотивен текст, а Сунчица ја пее на италијански јазик.

„Музиката не е работа за мене, таа е чиста љубов. А оваа песна е мојот момент – момент да споделам со другите што чувствувам“, рече Сунчица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by suncica badric (@suncica_badric)

Сунчица со години живее и работи во Рим, каде што се скрасила со нејзиниот син Марк, откако некое време живеела во Германија. Иако работела како менаџер на Нина некое време, таа се повлекла од поп-музиката, но и од Хрватска, избирајќи сосема поинаков живот во Италија.

И покрај километрите што ги делат, Нина и Сунчица сè уште се исклучително блиски и поврзани, а пејачката често ги посетува неа и нејзиниот внук во Рим. По повод роденденот на Сунчица, Нина ѝ напиша:

„Никогаш не сум ти удрила чврга, а си заслужила барем неколку пати. Слаба на тебе секогаш и засекогаш. Не затоа што си моја, туку ти си најдобрата, најубавата сестра на светот и ми требаш во сè. Јас сум твојот ураган, ти си моето мирно пристаниште. Задник и гаќи, држава во држава. Рашири ги рацете, смеј се од сесрце, најдоброто допрва доаѓа! Моја гордост и моја љубов, моја нежна мачка и мој лав. Среќен роденден, те сакам најмногу на светот.“

По повод објавувањето на нејзината балада, Сунчица откри дека љубовта и поддршката на нејзиниот син биле пресудни за да ја објави песната:

„Марк е мојот најголем успех, мојата гордост и мојата сила“.

Освен музиката, Сунчица се посветила и на други области. Таа ја лансираше платформата за животен стил и долговечност LeSun (www.lesun.it), достапна на италијански, англиски и хрватски јазик, каде што пишува за здрав живот, патувања и инспиративни луѓе од светот на музиката, спортот и претприемништвото.
Таа е активна и во областа на недвижностите и дигиталниот маркетинг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by suncica badric (@suncica_badric)

Инаку, Нина и Сунчица имаат и постара сестра Дијана, за која јавноста најмалку знае.

 

Слични објави

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо
Се вчитува....