8.8 C
Скопје
02:25 - 29 март, 2025

„Од каде ѝ стан во Врачар, тоа е мое“: Се огласи Миша Гроф откако Николина Пишек најави дека ќе му дојде на врата со полиција

Хрватската водителка Николина Пишек неодамна објави дека добила судска одлука со која ѝ се дозволува влез во станот во Врачар во кој живеела со сопругот Видој Ристовиќ.

По смртта на сопругот, Николина водеше јавна „војна“ со таткото на Видој Ристовиќ, Миша Гроф, а поради нерасчистени семејни односи завршија и на суд.

Деновиве таа се обиде да влезе во станот во Врачар, но безуспешно, па најави дека следниот пат ќе дојде со полиција. По тој повод за „Блиц“ проговори нејзиниот свекор Миша Гроф и откри што всушност се случува.

-Требаше да дојде, подготвивме и ручек и дочек и се, но ја нема. Не сме се слушнале, две години се немам слушнато, што би правел сега? Адвокатите велат дека не знаат ништо за случајот и решението кое таа го споменува, никој не ни најавил дека ќе дојдат. Па, она што најмногу сакам на светот е да го видам тоа дете, не сум ја видел две години. Мене ме интересира детето, нема војни – изјавил Миша за „Блиц“ и додаде дека Николина нема стан во Врачар, туку дека е негова сопственост.

-Не бев таму кога дојде, не знам што да правам со полицијата, не се огласи. Претпоставувам дека и јас ќе треба да ја добијам таа пресуда. Таа живееше таму повремено со мојот починат син, тоа е мое. Тоа е на мене, каков нејзини стан во Врачар, ништо не ми е јасно. Таму ги има своите работи, гардероба, но не била таму две години. Од каде ѝ стан во Врачар? Нека дојде, ќе ни биде задоволство, без разлика што – заклучил Миша.

Слични објави

На Вики Миљковиќ ѝ почина братот, Цеца не се одвојува од пријателката на која ѝ е и кума

Еспресо

(Фото) Војаж раскина со девојката и објави шокантна фотографија: Раперот конечно се изјасни за згодната бринета!

Еспресо

(Фото) По 18 години се вратија во „Гранд“, само Милан Станковиќ не дојде: Вака ќе му оддадат почит на Саша Поповиќ во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо

„Ми го земаат телефонот кога пијам“: Наташа Беквалац откри каква е кога ќе претера со алкохолот

Еспресо

(Фото) „Сега да ми се тргнете од патот“: Марија Шерифовиќ ги спакува куферите, отиде на одмор

apostolova

Жерар Депрадје ќе ја дознае пресудата во мај: Овинителството бара 18-месечна условна казна за актерот

Еспресо
Се вчитува....