00:24 - 25 февруари, 2026

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Заедно за подобро здравје, кредит со 0 отсто камата

Водени од посветеноста кон потребите на клиентите, ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“ Скопје и ПЗУ „Жан Митрев дијагностик“ Струмица во соработка со УНИ банка АД Скопје, ја претставуваат новата и исклучително поволна можност за финансирање медицински услуги преку наменски потрошувачки кредит со 0% камата, достапен за клиентите на УНИ банка.

Во услови кога здравјето е највисок приоритет, Клиника „Жан Митрев“ на своите клиенти им овозможува финансирање преку УНИ банка од максимален износ до 600.000 денари, со рок на отплата до 48 месеци, под исклучително поволни услови. Кредитот е со 0 % каматна стапка, без надоместок за одобрување, без трошоци за предвремена отплата и без потреба од жиранти или дополнително обезбедување, а постапката за аплицирање е едноставна и приспособена на потребите на клиентите.

Оваа иницијатива е креирана со цел на пациентите да им се овозможи навремен, сигурен и непречен пристап до врвна здравствена грижа во рамките на Клиника „Жан Митрев“, без финансискиот аспект да претставува пречка за носење важни одлуки поврзани со здравјето. Кредитот може да се искористи за широк спектар на медицински услуги и третмани во Клиниката, вклучително и услуги во Центарот за стоматологија, Центарот за мајка и бебе, Центарот за естетската дерматологија, како и останатите оддели, а во согласност со потребите на пациентите.

Со ова партнерство, Клиника „Жан Митрев“ уште еднаш ја потврдува својата мисија да обезбеди современа, квалитетна и достапна здравствена грижа, додека УНИ банка, преку конкретна поддршка за своите клиенти, покажува дека финансискиот сектор може да има значајна улога во унапредувањето на здравјето и благосостојбата на граѓаните.

За дополнителни информации околу можностите за кредитирање обратете се во контакт- центарот на Клиниката на 02/3091-484, во УНИ банка на 02/3111-111, или посетете ја најблиската експозитура на УНИ банка.

Тимовите ќе ви помогнат ефикасно да ја завршите процедурата и да ја добиете потребната финансиска поддршка во најкраток можен рок.

Ослободете се од грижите, посветете се на лекувањето!

Комерцијален текст.

Слични објави

„Јас сум скапа жена, спонзоруша“: Ќерката на Дино Дворник си ја отвори душата

Еспресо

Гоца Тржан за поранешниот сопруг: „Многу се коцкаше, од бракот излегов гола како гасеница“

Еспресо

Кеба ја откри тајната на здравјето: Секое утро зема „природен антибиотик“ од манастир

Еспресо

Сузана Манчиќ се сели од својот стан од 175 квадрати во Белград: „Стана неподносливо!“

Еспресо

(Фото) Поранешна хрватска мис со објавата за борбата со ракот ги растажи сите

Еспресо

(Фото) Татко и ќерка на скијање: Дејвид Бекам создава нови спомени со ќерка си Харпер

Еспресо
Се вчитува....