6.8 C
Скопје
08:22 - 1 април, 2026

Нови обвинувања против Лизо: Фановите се откажуваат од ѕвездата

Пристигнуваат нови обвинувања против музичката ѕвезда Лизо од нејзини поранешни соработнички кои се однесуваат на „сексуализирана работна средина“ и неисплата на плати на вработените.

инстаграм

Американската пејачка Лизо, која неодамна се огласи со негирање на обвинувањата против неа, а упатени од нејзини поранешни танчерки, се соочува со нови проблеми. Адвокатот на танчерките, Рон Замбрано, соопшти дека неговата адвокатска канцеларија разгледува нови наводи од најмалку шест лица кои претходно работеле со Лизо, објави НБС Њуз.

Според него, и новите обвинувања се однесуваат на „сексуализирана работна средина“ и неисплата на плати на вработените.

инстаграм

Адвокатот нагласи дека и новите обвинувања ќе стигнат на суд, но селектирани: „Некои од обвинувањата што ги разгледуваме би можеле да стигнат на суд, но рано е да се каже“.

Првите тужби против Лизо, чие вистинско име е Мелиса Вивијан Џеферсон, беа поднесени во Врховниот суд на округот Лос Анџелес од нејзините поранешни танчерки Аријана Дејвис, Ноел Родригез и Кристал Вилијамс. Станува збор за обвиненијата за сексуално и психичко вознемирување, искажувања навреди за телото на танчерките и создавање непријателска работна средина. Обвинувањата предизвикаа разочарување кај бројни обожаватели на музичката ѕвезда Лизо, а бројот на откажување од нејзините социјални мрежи надмина 200 илјади луѓе.

Сепак, сè уште е рано да се каже како сè ова ќе влијае на кариерата на ѕвездата и какви правни последици ќе има по пријавите. Платформата „Луминејт“, кој ги анализира податоците од забавната и музичката индустрија, објави дека за сега, како последица на случајот, мал е негативниот ефект врз продажбата на нејзината музика, стримингот и емитувањето на нејзините песни, од минатиот вторник до денес.

Лизо го издаде четвртиот албум минатата година, а нејзиниот сингл „Пинк“, кој се појавува во хит филмот „Барби“, беше објавен минатиот месец.

Инаку, минатата година беше лансирана популарна модна линија за облека која ја промовираше токму Лизо со цел поддршка за „сите женски тела“ без разлика на нивната форма. Од модната марка по скандалозните обвинувања против пејачката, сè уште нена коментар.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....