03:52 - 12 март, 2026

Нови детали за скандалот со водителот Хју Едвардс: Татко на пет деца кој секоја недела оди во црква е обвинет дека плаќал малолетник за експлицитни фотографии!

Скандал го тресе Би-Би-Си. Имено, познатиот водител на Би-Би-Си, Хју Едвардс, е именуван како славна личност која плаќала малелетно дете за експлицитни фотографии.

Едвардс му плаќал на малолетникот 35.000 фунти за експлицитни фотографии, а тоа го потврди и неговата сопруга.

Хју Едвардс (61) е моментно во болница поради ментални здравствени проблеми, откако неговата сопруга Вики Флинд откри дека водителот е во центар на скандал. Британските медиуми со денови пишуваа за водител кој плаќал дете за разголени фотографии, без да го објават неговото име.

Хју Едвардс е водител на вечерните вести на Би-Би-Си, каде работи од 1984 година. Во текот на својата повеќедецениска кариера беше со гледачите со емисиите „Вести во еден“, „Вести во шест“, „Викенд вести“, „Дневна политика“, а во живо ги следеше настаните од студиото како смртта и погребот на Кралицата Елизабета Втора, крунисувањето на кралот Чарлс III, свадбата на принцовите Вилијам и Хари и други важни настани.

Едвардс за себе своевремено изјави дека е посветен христијанин и дека оди во црква секоја недела. Со сопругата Вики Флинд има пет деца – синовите Амос, Семи и Ден и ќерките Хана и Ребека.

Тој зборуваше за неговата борба со депресијата, како и за прекумерната тежина по смртта на неговиот татко во 2010 година. Потоа јавно ја пофали сопругата Вики како личност која му помогнала да се справи со животните тешкотии.

Во текот на долгогодишната кариера, Едвардс заработувал и до 600.000 фунти годишно. Тој се согласи да ја намали платата за да му помогне на Би-Би-Си да го намали јазот во платите меѓу половите, а потоа му плаќале до 529.000 фунти годишно. Неговата плата дополнително беше намалена во 2019 година, па повторно во јули оваа година на 439.000 фунти.

 

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....