2.8 C
Скопје
21:04 - 18 декември, 2024

Нов бизнис! Емина Јаховиќ го гради најмодерниот спа-комплекс, ги откриваме сите детали!

Емина Јаховиќ инвестира во нов бизнис во родниот Нови Пазар.
Како што дознава српски „Курир“, пејачката добила понуда да влезе во инвеститорските води. Овој пат таа гради најсовремен спа центар со базен, теретана, сауни и парна бања.

– Емина е многу успешна во музиката, а како што стојат работите ќе се испроба и како сериозна деловна жена. Како што се шират гласини низ населбата Рашко, таа и нејзините пријатели влегуваат во тој бизнис. Се работи за голем проект, а колку ќе се внимава на секој детаљ покажува и фактот што при изградбата на првите две фази сè ќе биде направено по протокол, но и според светски стандарди. Во моментов се бара локација каде сето ова ќе се реализира. Бидејќи Емина го пропатува светот и има смисла за естетика, тој спа центар сигурно ќе биде најдобро опремен во регионот. Тоа нема да биде мегаломански проект, туку место за уживање на дамите. Засега е во фаза на преговори и договори, а реализацијата ќе се случи на лето следната година – рекол добро упатен извор за „Курир“.

Освен Емина Јаховиќ, со неа во овој бизнис ќе има уште неколку партнери.

– Тоа се нејзините пријатели, познаници. Тие ѝ предложиле да учествуваат подеднакво во сето тоа. Емина ги познава со години, од детството и затоа ѝ е особено драго што ќе има можност да соработува со нив. Секако, кога сè ќе биде готово, Емина нема да може сама да раководи со тој бизнис бидејќи нејзината примарна професија е музиката, туку спа центарот ќе им го препушти на своите партнери во кои има безгранична доверба – изјавил изворот.

Инаку, Јаховиќ пораснала во Нови Пазар, а откако во 2008 година се омажи за познатиот турски пејач Мустафа Сандал, животот го продолжи во Турција.

Како што претходно пишуваа медиумите, куќата во која пораснала Емина е изнајмена на турскиот конзулат, а таа изградила нова луксузна вила на врвот на Нови Пазар. Вреди неколку милиони и таа ја изградила целосно по нејзин вкус. Таа ги ангажирала најдобрите српски и турски архитекти за сè да изгледа како што таа замислила.

– Вистина е, куќата во Нови Пазар му ја изнајмивме на турскиот конзулат бидејќи е празна 11 месеци годишно, а е голема. Во Нови Пазар се чувствувам добро… Градот е убав, многу го сакам. Каде ќе бидат моите деца, таму ќе бидам и јас – изјавила во една прилика пејачката за медиумите.

Емина живее во Истанбул, од каде често оди на други дестинации, како што покажува на социјалните мрежи.

Слични објави

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

Владо Јаневски го презакажа концертот во Скопје поради здравствени причини

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо
Се вчитува....