Додека многу холивудски ѕвезди за доделувањето на Оскарите се подготвуваат одејќи во теретана, на масажа или јадат здрави појадоци, Никол Кидман има свој посебен ритуал. Актерката откри дека своите подготовки ги започнува со одење во црква, што ѝ помага да остане приземјена пред една од најзначајните вечери во Холивуд.
– Знам дека звучи необично, но наутро одам во црква – изјави Кидман.
– Ќе успееме тоа да го вклопиме во распоредот. Едноставно тоа ме приземјува и тоа е она што обично го правам во недела – додаде таа.
Никол Кидман ќе додели една од наградите на церемонијата. Глумицата откри дека нејзините ќерки Санди и Фејт нема да бидат со неа на самата церемонија ниту на забавите после.
– Не, сепак е недела вечер. На пролетен распуст се, но сите ќе се сместиме убаво дома, ќе се избањаме и ќе си легнеме – појасни актерката.
Сепак, Кидман навести дека можеби сепак ќе присуствува на некоја забава.
– Всушност, можеби ќе одам на некоја забава. Треба малку да излезам – додаде таа.
Церемонијата на годинашното доделување на Оскарите ќе ја води Конан О’Брајен, а свеченоста се одржува вечерва во „Долби Театар“ во Холивуд.
